БУГАРСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ | Во Македонија се говори северномакедонски бугарски јазик

642

Бугарската академија на науките (БАН) денеска го претстави своето најново издание „За официјалниот јазик на Република С Македонија“, повторувајќи го својот став дека тој е бугарски.

„Јазикот на кој зборуваат луѓето во Република С Македонија е јазична норма на бугарскиот, но тоа не значи дека велиме оти тие се Бугари“, рече раководителот на проектот и заменик-претседател на БАН, Васил Николов.

„Како научници не велиме ништо различно од тоа што е засновано на реалните факти. Нашата цел е да ја покажеме научната вистина. Оттука натаму им даваме можност на политичарите да расудуваат. Проблемот што нè натера да работиме на овој текст се појави кон крајот на минатата година како резултат на седницата и одлуката од нашите колеги од Македонската академија на науките и уметностите“, објасни тој.

Во создавањето на книгата учествувале 12 автори и шест конзултанти од универзитетите во Софија, Велико Трново и Благоевград.

www.dnevnik.bg