Бугарите збеснаа откако македонскиот јазик се најде на листа на 10. најстари јазици во светот кои се зборуваат и денес

559

Бугарите збеснаа откако македонскиот јазик се најде на листа на 10. најстари јазици во светот кои се зборуваат и денес

Еволуцијата на јазикот е како еволуцијата на биологијата – се случува постепено, генерација по генерација, па затоа и не постои точка на „кршење“ помеѓу еден јазик и следниот јазик што се развил од истиот. Така, секој од доленаведените јазици има нешто посбено, нешто античко, што го прави различен од другите, пишува авторката Лени Селингер во текстот споделен на угледниот сајт посетуван од милиони корисници годишно, The Culture Trip (во превод: „Културно патување“) во 2018 година.

Во нејзината листа на 10 најстари јазици кои се зборуваат и ден-денес, таа ги вброи:

Хебрејски

Хебрејскиот јазик е интересен случај, откако престанал да се користи околу 400. година од нашата ера и оттогаш е зачуван како литургиски јазик што го користат Евреите ширум светот. Сепак, со подемот на Зионизмот во 19. и 20. век, хебрејскиот јазик оживеа и стана официјален јазик на Израел. Иако модерната верзија на јазикот се разликува од библиската, оние лица чиј мајчин јазик е хебрејскиот, можат да сфатат се што пишува во Стариот тестамент и сите поврзани текстови.

Баскијски

Linguists have postulated over the decades about what it could be related to, but none of the theories have been able to hold water. The only thing that’s clear is that it existed in that area before the arrival of the Romance languages—that is, before the Romans got there with the Latin that would eventually develop into French and Spanish.

Баскијскиот јазик е „ултимативна лингвистичка мистерија“. Мајчин јазик е на Баскијците што живеат во Шпанија и Франција, но нема никаква поврзаност со кој било латински јазик (францускиот и шпанскиот јазик важат за латински јазици) или генерално со кој било друг јазик што се зборува низ светот. Последниве децении лингивистите се обидуваа да пронајдат некаква поврзаност со друг јазик, но ниту една од теориите засега „не држи вода“. Едиствено може да се потврди само дека баскијскиот јазик постоел пред пристигнувањето на латинските јазици – односно, пред да дојдат Римјаните на овие територии со латинското писмо, кое со тек на времето се развило во француски и шпански јазик.

Тамил

Тамилскиот (или само Тамил) јазик е зборуван од 78 милиони луѓе ширум светот, официјален јазик во Тамил Наду и службен јазик во Шри Ланка и Сингапур. Ова е едиствен пример за класичен јазик што „преживеал“ до модерната ера, а доаѓа од дравидското семејство на јазици. Истражувачите дошле до пронајдоци кои вклучуваат натписи на тамилски јазик датирајќи од 3. век п.н.е, а оттогаш е во континуирана употреба. За разлика од стариот индоевропски јазик санскрит кој прекинал да се употреува околу 600. година п.н.е и станал литургиски јазик, тамилскиот јазик продолжил да се надоградува и денес е 20. најзборуван јазик во светот.

Литвански

Повеќето јазици што се зборуваат на европската територија припаѓаат на индо-европското семјество на јазици, но започнале да се „отцепуваат“ околу 3500. година п.н.е. Почнале да се менуваат, што придонело до „раѓањето“ на многуте јазици како германскиот, италијанскиот, англискиот… полека но сигурно губејќи ги заедничките лигнвистички карактеристики. Сепак, еден европски јазик што припаѓа на балтичката гранка од индо-европското јазично семејство, ги зачувал  повеќето карактеристики на она што лингвистите го наркуваат Прото-Индо-Европски (ПИЕ / PIE),  јазик за кој се претпоставува дека го зборувале и пред 3500 години п.н.е. Литванскиот јазик ги има зачувано повеќето звуци и граматички правила од прото-индо-европскиот јазик за разлика од кои било други негови лингвистички братучеди, па затоа и може да се нарече еден од најстарите јазици во светот кој се зборува и денес.

Фарси

Доколку не сте слушнале за фарскиот јазик, станува збор за јазик што се употребува во Иран, Авганистан и Таџикистан, а распостранет е и на други места. Сигурно сте слушнале за персискиот, што е всушност истиот јазик, но под друго име. Фарскиот јазик има директно потекло од стариот персиски јазик, што бил зборуван и познат како јазикот на Персиската Империја. Модерните Персијци го презеле околу 800. година во нашата ера, а она што го прави различен од другите јазици е фактот дека оттогаш овој јазик претрпел малку промени. Луѓето што говорат персиски денес би можеле да земат натпис од 900. година од нашата ера и да го прочитаат со значително помалку потешкотии за разлика од лице што зборува на англиски јазик, се обиде да прочита нешто од Шекспир (16. век).

Исландски

Исланскиот е уште еден индо-европски јазик, овој пат од северно германската гранка (за споредба, англискиот е исто така германски јазик, но од западно германската гранка). Иако повеќето германски јазици ги имаат изгубено карактеристиките што другите индо-европски јазици ги имаат, исландскиот јазик еволуирал многу конзервативно, а тоа придонело до нивно зачувување. Ниту данското раководење со државата од 14. до 20. век немало значително влијание на говорот, што значи дека исланскиот јазик останал непроменет од моментот кога нордиските доселеници го донеле говорот кога се преселиле на тоа копно, а лицата што зборуваат исландски јазик без потешкотии можат да читаат натписи на ислански стари со векови.

Фински

Финскиот јазик можеби не бил пишуван се до 16. век, но како и секој друг јазик, има постара историја од „официјалниот“ датум. Овој јазик е дел од фино-угричката јазична фамилија, во која припаѓаат и естонскиот, унгарскиот и други јазици кои се зборуваат од малцинства низ Сибир. Освен тоа, финскиот јазик вбројува многу позајмени зборови од други јазични фамилии што низ вековите биле адаптирани во фински. Во повеќето случаи, финскиот јазик ја зачувува оригиналната изворна форма на позајмените зборови, како на пример за зборот мајка – аити (aiti) доаѓа од готскиот јазик, кој одамна не се зборува. Зборот кунингас (kuningas) што значи крал, доаѓа од старогерманскиот збор kuningaz и истиот повеќе не постои во ниту еден германски јазик.

Грузиски

Кавкаскиот регион е вистински бунар за лингвисти што бараат „тешки“ јазици. Главните јазици од трите јужни кавкаски држави, Ерменија, Азербеџан и Грузија доаѓаат од три сосема различни јазични семејства – индо-европско, турско и картвелско (или јужнокавкаско). Грузискиот јазик е најголемиот картвелски јазик и единствен кавкаски јазик со античка литературна традиција. Неговата уникатна азбука е исто така многу стара – се верува дека е адаптирана од арамејскиот јазик уште во третиот век. Постојат четири карвелски или јужнокавкаски јазици и сите се зборуваат во малцинства низ Грузија, а исто како и баскијскиот јазик, не се поврзани со ниту еден друг јазик низ светот.

Ирско-галски

Иако ирско-галскиот јазик во денешно време е мајчин јазик само на мало ирско малцинство, има навистина долга историја. Овој јазик е член на келтската јазична гранка од индо-европските јазици, а се зборува на територијата на денешна Велика Британија и Ирска многу порано пред пристигнувањето на германското влијание. Од ирско-галскиот јазик се развил и шкотско-галскиот и манкс (јазик што се зборува на островот Ман), но вистинската причина поради што се наоѓа на оваа листа е фактот дека најстарата народна литература во западна Европа е испишана токму на овој јазик. Додека остатокот од Европа зборувал на свој јазик и пишувал на латински, Ирците решиле дека сакаат да пишуваат на нивен јазик.

Македонски

Словенското јазично семејство, кое го вклучува рускиот, српскиот, полскиот, чешкиот и други јазици, е релативно „младо“ споредбено со другите јазици. Познатите браќа Кирил и Методиј го стандардизирале стариот словенски јазик, создавајќи го она што денес е познато како црковен старословенски јазик. Во 9. век сесловенските браќа го однеле јазикот со нив, кога отпатувале на север на мисијата за преобразување на словенското население во христијанско. Македонскиот јазик (заедно со сличниот бугарски) е најблискиот јазик на старословенскиот јазик.

Тука завршува текстот на авторката Лени Селингер од 2018. година, која по објавувањето на статијата оставила посебна порака под пасусот за македонскиот јазик, каде објаснува дека оттогаш следувале бројни коментари од Бугари кои го оспорувале пласирањето на македонскиот јазик на оваа листа, истакнувајќи дека македонскиот јазик не постои, односно дека станува збор за бугарски јазик.

„Следејќи ги коментарите во врска со сложената историска врска меѓу Македонија и Бугарија, ние од платформата „The Culture Trip“ (Културно патување) сакаме да посочиме дека, и покрај сложеноста, надвор од регионот преовладува академскиот консензус дека бугарскиот и јазикот познат како македонски, се разликуваат. Ако не ни верувате, прочитајте ја нашата статија за историјата на македонскиот јазик“, пишува Лени.

Се разбира, ние ја прочитавме и статијата од истата авторка под наслов „Дали македонскиот јазик е еден од најстарите јазици во светот?“ што следувала по бројните реакции, и ви ја пренесуваме во целост:

Дали македонскиот јазик е еден од најстарите јазици во светот?

Постои мал сомнеж дали јазикот што го зборуваат Македонците е стар или нов, а по неговото вбројување во листата на 10 најстари јазици во светот што се зборуваат и денес, редакцијата на угледната платформа The Culture Trip (Културно патување) била сведок на „жешки“ аргументи од страна на Бугарите, пишува Лени Селингер, истата авторка од претходниот текст.

Еве како им одговори на таа на Бугарите што неуморно го оспоруваат постоењето на македонскиот јазик:

Скопје, главниот град на Македонија е фацинантно место. На територијата се чувствува медитеранската флора, иако земјата не излегува на море. Битните градби – или градбите кои се направени за да мислите дека се битни – наликуваат на грчки. Веднаш до нив има друг тип на градби, изглед познат за секој што патувал во некогашните комунистички источни и централно европски земји. Печат на овие згради и медитеранската флора има еден бетонски маркер што ви доловува дека се наоѓате во словенска држава: кириличната азбука.

Исто така, во Скопје може да пронајдете статуа на човекот кој ја создал раната верзија на кирилицата, која постхумно била именувана по него. Покрај белите столбови и бронзата, кралеви облечени во тога и војниците, има двајца мажи со долги бради кои изгледаат религиозно, а држат симболи за да ја докажат нивната позиција: стилизан овчарски стап и книга. Овие мажи се сесловенските браќа Кирил и Методиј, почитувани од сите словенските народи за нивната заложба за писменоста и сите варијации на јазикот.

Во денешно време, експертите ги групираат словенските јаици во три гранки: Источната гранка, која ги вклучува рускиот, украинскиот и белорускиот јазик; Западната гранка, која ги вклучува чешкиот, словачкиот и полскиот јазик; како и јужната гранка, во која спаѓаат јазиците на државите од поранешна Југославија: словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, плус бугарскиот и македонскиот јазик. Сепак, кога браќата Кирил и Методиј чекореле на Земјата, во 9. век помеѓу овие јазици речиси и да не постоеле разлики.

На сесловенските браќа, кои потекнувале од областа на Солун, во тоа време дел од Византиската Империја, им била доделена важна задача: да ги христијанизираат моравските Словени. Тоа подрачје денес кореспондира со југоисточната половина од Чешка, но тогаш претставувало територија која се простирала од јужна Полска до западна Унгарија. Но Кирил и Методиј исто така успеале да направат нешто што ниту еден друг словен не се обидел да го направи: ја превеле библијата на јазик разбирлив за сите словени.

Ниту една верзија од словенскиот јазик не била кодифицирана дотогаш, а за да се испишат зборови прво морало да се создаде јазик што ќе може да се пишува како што се чита. Браќата тоа веќе го направиле преку глаголицата, налик на рунско писмо кое постеќа на еповите на Толкин (Џ.Р.Р. Толкин, истакнат англиски писател, најпознат по епските дела „Хобитот“ и „Господар на прстените“) за модерното око.

Евентуално, браќата ја оформиле азбуката во слична, но упростена форма – кириличното писмо, кое денеска е стандардно писмо во многу словенски држави, вклучувајќи ги и државите од поранешниот Советски Сојуз, како и Македонија. Со помош на претходникот на кирилицата, односно глаголицата, тие успеале да создадат јазик кој денес е познат како црковнословенски јазик.

Јазикот што го кодифицирале светите браќа Кирил и Методиј и го користеле за да ја преведат Библијата, всушност бил и јазикот што тие го зборувале, во тоа време разбирлив за мноштвото словенски народи – иако не звучел исто со моравско-словенскиот. Сепак, тешко е да се именува овој дијалект. Светите браќа биле словени од грчкиот дел на Македонија, не од државата што сега е позната како република Северна Македонија. Ниту пак биле од Бугарија. Сепак мора да се истакне дека, кога зборуваме за 9. век, сите словени од овие региони можеле меѓусебно да се разбираат.

Во вековите оттогаш, словенскиот јазик се има развиено дотаму што доколку Македонец појде во Моравија најверојатно би можел да нарача нешто од ресторанско мени… но ништо повеќе. Од друга страна, Македонец во Бугарија, би можел да разбере многу повеќе. Овие два јазици се толку слични, што некои Бугарите долго не го признавале македонскиот јазик и тврделе дека македонскиот е само дијалект на бугарскиот јазик. Всушност, долго време јазикот којшто го говореле луѓето на овие простори бил нарекуван бугарски. Но, веќе до 19. век се создале доволно големи разлики помеѓу овие два јазика, кои резултирале со жестоки несогласувања што ги урнале сите обиди за унифицирана кодификација. На крајот бугарските интелектуалци отфрлиле секаков компромис за унифициран македонско-бугарски јазик. Повиците за наоѓање на ново име за јазикот на македонците станале се погласни и почести како што растела и идејата за самостојна македонска нација, но тоа не значи дека македонскиот јазик не постоел и пред овие повици. Тие станале реалност по Првата светска војна, а македонскиот јазик во неговата модерна форма бил кодифицирани веќе во 1945 година.

Уште од првите знаци на македонскиот национализам, прашањето за Македонија -и јазикот- се длабоко растргнати низ разни политички битки. „Политички погледи на македонскиот јазик“ дури има и своја страна на Википедија. Настрана политиката, кодификацијата само го рефлектирала јазикот кој луѓето веќе го зборувале.

Кога би се обиделе да одговорите на прашањето „кој јазик е директен претходник на црковнословенскиот јазик“, најточниот одговор можеби би бил и македонскиот јазик и бугарскиот јазик. На крајот од денот, и двата јазици окупираат своја посебна гранка на словенското лингвистичко семејно дрво, и двата јазици задржуваат елементи одамна изгубени кај другите словенски јазици – на пример начинот на кој и кај македонскиот и кај бугарскиот се губат глаголите. Нивниот лексикон има многу сличности со источнословенските јазици, како рускиот, иако нивното географско потекло ги приближува многу повеќе до јужнословенските јазици, како српскиот. Македонскиот и бугарскиот јазик се развиле поинаку од другите словенски јазици, процес што започнал токму во времето кога сесловенските браќа Кирил и Методиј избрале да го овековечат нивниот мајчин дијалект. Кога црковнословенскиот јазик почнал да се употребува, на овие простори постоел само еден словенски јазик, а сега се два, и тоа би требало да биде единствениот точен одговор.

Слободен печат