Брзи бурек ролнички

126

Брза и вкусна домашна пита …

Потребно

  • 1 пакување (500 гр) готови кори за пита
  • 350 гр мелено месо
  • 2 компири
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 50-100 мл масло
  • сол, бибер

Подготовка

  • Во еден сад измешајте ги меленото месо, ситно сецканиот кромид и лук и компирите исецкани на мали коцки.
  • Во тава на загреано масло испржете ја смесата со мелено месо и компири околу 5 минути.
  • Ставете една кора, премачкајте ја со масло и одозгора ставете втора кора и исто премачкајте ја со масло.
  • Ставете неколку лажици од смесата со месо на едниот крај на корите. Завиткајте ја кората како ролат точно до половина.
  • Од другата страна исто ставете од филот со месо и повторно завиткајте до половина.

  • Со нож исечете ги корите по средината. Наредете ги во намастена тава и одозгора премачкајте ги со масло.
  • Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени. По 15 минути од печењето полијте ги ролничките со малку вода и вратете ги да се допечат 10-15 минути или додека убаво не поруменат.
  • Извадете ги од рерна, покријте ги со крпа и оставете да се изладат. Исечете ги на парчиња и послужете.