Пробајте ја диетата со ананас, која навистина е чудо, затоа што покрај обилните витамини и минерали содржи и ензим кој поттикнува согорување на масти.
Светските диетолози се повеќе се заинтересирани за моќното својство на ананасот. Во ова здраво јужно овошје се наоѓаат скоро сите витамини и 16 минерали, но и селенот, супстанца која го успорува стареењето.
Сепак, тајната на ананасот лежи во ензимот бромелаин, кој го пттикнува согорувањето на мастите и го забрзува метаболизмот. Овој ензим, за жал, е многу чувствителен на топлина, па затоа најдобро е да се јаде свеж ананас, кој е многу побогат со ензими, овошни киселини и витамин Ц.
Ананасот ги исфрла течностите и токсичните супстанци од организмот и го зајакнува, го остранува вишокот килограми и има само 65 калории во 100 гр. Иако во текот на оваа диета треба да се следи планот на исхраната, ананасот може да се јаде кога сте гладни.
Предлози за ручек
Салата од ананас и зелка: 1/2 свеж ананас, 400gr кисела зелка, лажица семки од сончоглед
Подготовка: Ананасот исечете го на парчиња. Во загреано масло динстајте ја зелката, додадете го ананасот со 50ml вода и така да се вари 10 мин. а потоа оставете го стивне.
Купе од ананас: 4 парчиња црн леб, 40gr намаз од лук, половина прстен од ананас, лажица сечкани лешници
Подготовка: Намачкајте го лебот со намаз од лукот, одозгора ставете го ананасот, посипете со лешници и преклопете со леб.