Брз колач со банани

172

Како денешен десерт подгответе го овој брз и едноставен колач …

Потребно 

За кората

  • 3 јајца
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр брашно
  • 1/2 кесичка прашок за пециво
  • 3 лажици млака вода

За филот

  • 1 мала тегличка чоколаден крем
  • 4-5 банани
  • 500 мл слатка павлака
  • малку шеќер
  • малку изрендано чоколадо за украсување

Подготовка

  • Изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете млака вода и продолжете со матењето.
  • Додадете ги брашното и прашокот за пециво и измешајте со лажица.
  • Смесата сипете ја во намастена и набрашнета тава и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени 20-25 минути. Проверете со чепкалка за заби дали е печена кората.
  • Оставете да се излади кората и премачкајте ја со чоколадниот крем.
  • Над кремот наредете еден ред бананите исечени на половина по должина.
  • Изматете ја слатката павлака и премачкајте ја над бананите.
  • Украсете со рендано чоколадо и ставете ја во фрижидер убаво да се излади.
  • Исечете ја на парчиња и послужете.