Брокулите се неверојатни зеленчуци, кои го чуваат нашето здравје и се борат против многу болести.
Рак
Брокулите се природни чудотворни заштитници од многу видови рак како: рак на дојката, рак на матката, рак на простатата, рак на внатрешните органи (бели дробови, црн џигер, бубрези) и т.н. Тие се особено добри за лица кои имаат рак на дојка или рак на матката, затоа што го отстрануваат вишокот на естроген од телото.
Стомачни растројства
Брокулите се богати со растителни влакна, магнезиум и многу витамини, кои помагаат да се намали вишокот на киселини во стомакот, да се преброди запекот, да се подобри варењето на храната и подобро да се апсорбираат хранливите материи од храната.
Срцеви заболувања
Освен антиоксиданси, брокулите содржат и многу растителни влакна, бета-каротен, омега-3 масни киселини и витамини, кои го намалуваат нивото на „лош“ холестерол, го регулираат крвниот притисок и со тоа ја одржуваат нормалната работа на срцето.
Анемија
Анемијата е директно поврзана со недостаток на железо и некои протеини. Брокулите се богати со нив, па затоа нивното консумирање е природен лек против анемија.