Бројот на заболени расте, мора да се почитуваат препораките | 18 нови, вкупно 259 пациенти со КОВИД-19 | Видео

371

Упатувам јасна порака: пред нас е најтешкиот период – бројот на заболени ќе расте и во светот и кај нас. Сите мора да ги почитуваат препораките, успехот во оваа борба зависи од секој од нас!

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопштив на прес-конференцијата изнесува точно 18.

По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово – 1, Гевгелија – 1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1

Венко Филипче, видео изјава:

Упатувам јасна порака: пред нас е најтешкиот период – бројот на заболени ќе расте и во светот и кај нас. Сите мора да ги почитуваат препораките, успехот во оваа борба зависи од секој од нас!

Gepostet von Венко Филипче am Sonntag, 29. März 2020