Бројката на починати се искачи на 14, а шест се борат за живот

178

Днеска и утре денови на жалост, во несреќата кај Карпалак 14 загинати.

Днеска и утре, 14 и 15 февруари, ќе бидат прогласени за денови на жалост поради тешката сообрќајка што се случи попладнево на патот Скопје – Тетово кај Карпалак.

Како што соопшти премиерот Зоран Заев, изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите, бројката на починати се искачи на 14, а шест се борат за живот.

– Тешка ноќ, полна со неизмерна болка и тага. Немам зборови кои можат да бидат доволна утеха за семејствата на нашите сограѓани кои вечерва трагично ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа, изјави Заев вечерва во Владата.

Тој најави дека утре ќе ги посети повредените во болниците, а во нареднит денови ќе се донесат и долуки за поддршка на семејствата на починатите.

– Ги мобилизиравме сите сили и капацитети да им помогнеме на повредените кои се во опасност, колку што може побрзо да ја добијат неопходната помош и да им се вратат на своите најблиски. Да ги соопштиме фактите. Автобусот се движел на релација Скопје – Тетово, несреќата била кај село Ласкарци. Неутврдени се причините, истрагата е под раководство на надлежниот обвинител. Веднаш штом ќе заврши, ќе бидат соопштени сите детали. Автобусот поминал директно на спротивната страна, влегол дури на регионалниот пат, паднал на регионалниот и понатаму, по регионалниот пат, во делот на удолнината. Интервенциите беа брзи на сите институции, вклучително и на МВР, државните болници, но и сите приватни болници кои без поговорно веднаш ги испратија сите свои ресурси. Вечерва, за жал животите ги загубија 14 наши сограѓани. Седум починале на лице место, 37 биле хоспитализирани во „8 Септември“, шест од нив се починати во „8 Септември“. Во „Свети Наум Охридски“ имаме починато едно лице, две лица биле пренесени во Тетово и се во добра состојба .Едно лице е на домашно лекување во Гостивар и во „Мајка Тереза“ се осум лица од кои три се со сериозни повреди, изјави Заев.

Истакна и дека во моментов не се идетификувани сите жртви, дека процесот се уште трае.

– Да заврши увидот, а потоа ќе продолжи вештачењето од обвинител и очекувам мошне скоро да излеземе со информации за тоа што придонело да се случи оваа сообраќајна незгода, рече Спасовски.

Според министерот за здравство Венко Филипче, четири пациенти се на интензивно лекување во ГОБ „8-ми Септември“. Тие се во критична, но е и во животнозагрозувачка состојба. Три пациенти се на Клиничкиот центар, врз нив моментно се врши хируршка интервенција и тие се со повреди кои не се животозагозувачки, иако критични.

-Проодлжува интензивното лекување и следните денови, како кај нив, така и кај сите останти хоспитализирани пациенти, изајви Филипче.

За возачот на авотбусот информира дека се наоѓа во „8-ми Септември“ и дека разговарал со претставниците на институциите.

-Тоа е она што сега би можел да го кажам. Неговата здравствена состојба е стабилна, истакна министерот.

Сообраќајната несреќа се случи попладнево околу 17 часот на патот Скопје – Тетово меѓу Карпалак и Лаксарци. Автобусот што се движел на релација Скопје – Гостивар е сопственост на „Дурмо турс“.

mia.mk