Британска научничка за вакцинирањето | Очекуваме мали несaкани дејствија

128

Велика Британија одобри вакцина против коронавирусoт и вакцинацијата треба да започне следната недела. Земјите од Европската унија ќе мора да почекаат.

Европската агенција за лекови дури на 29 декември ќе одлучи дали ќе даде зелено светло за првите вакцини. Потребна е официјална потврда од Европската комисија пред самата дистрибуција.

Британската научничка Сијан Мерил Грифитс, професор во јавното здравство на Кинескиот универзитет во Хонг Конг, имаше видео јавување за емисијата ХРТ Опен. Таа коментираше за вакцинацијата што ќе започна во Велика Британија и за тоа што очекува од вакцината. Таа рече дека е многу позитивно настроена во однос на вакцината.

– Очекувам неколку негативни последици. Имавме многу малку несакани ефекти- рече Грифитс.

Вакцината прво ќе оди во болниците, за најранливите, оние на кои им е најпотребна.

– Тоа се старите лица, потоа оние на кои им е загрозен имунитетот, па дури потоа остатокот од населението, но не пред следната пролет- рече британската професорка.

Таа потврди дека смета дека ова е храбра одлука на Велика Британија прво да започне со вакцинација.

– Очекуваме да ги вакцинираме сите на кои им треба. Мислам дека сите во научната заедница ја поддржуваат оваа наша одлука. Вакцината е оценета во однос на квалитетот, ефикасноста и безбедноста– рече таа.

Велика Британија прва во светот ја одобри употребата на вакцината против коронавирусот на компаниите Pfizer-BioNTech.