Brenton Tarrant (28) | “Масакрот е мојата одмазда за смртта на Ebba Åkerlunds”

634

Австралијанецот идентификувани како Brenton Tarrant (28), сторителот на терористичкиот напад врз две џамии на Нов Зеланд, во кој загинале најмалку 49 лица, во својот манифест со кој на социјалните мрежи го најавил нападот, ги спомнал и Србите, Балканот и Косово, а на неговото оружје и шаржерите со кирилично писмо биле испишани имињата на некои српски историски и епски личности, објавиле белградските медиуми повикувајќи се на западни извори на социјалните мрежи.

Манифестот е објавен на 74 страници, од кој може да се заклучи дека напаѓачот е опседнат со супериорноста на белата раса во однос на другите, особено кон муслиманите и дека е инспириран од делата на норвешкиот десничар Anders Behring Breivik, кој во 2011. година во центарот на Осло, извршил масакр при што загинале 77 лица.

– Сакам да им покажам на освојувачите дека нашите земји никогаш нема да бидат нивни земји, нашите огништа се наши и дека, де додека живее белиот човек, тие никогаш нема да ги освојат нашите земји и никогаш нема да го заменат нашиот народ. По дефиниција, тогаш да. Тоа е терористички напад. Но, верувам дека тоа е партизанска акција против окупаторските сили – пишува Daily Mail.

Одмазда за Ebba Åkerlunds

Tarrant на Твитер навел дека освен од Брејвик, инспириран е и од десничарските движења и личности ширум светот – од Русија, Бугарија, вклучувајќи го и Балканот. Исто така, Tarrant покажал интересирање за српските и црногорските историски и епски херои – принцот Лазар, Милош Обилиќ, Марко Миљанов и Бајо Пивљанин заради “нивната борба против Отоманската империја”. Некои од овие имиња биле напишани со кирилично писмо на оружјето што го користел за време на нападот на џамијата, но и на шаржерите.

Тарант во манифестот, исто така, го споменува учеството на САД и НАТО во настаните на Косово. Нарекувајќи го процесот “балканизација“, Tarrant пишува дека “повеќе нема да дозволи САД и НАТО да се борат на страната на муслиманите и да убиваат христијани во Европа”.

Како еден од главните оправдувања за нападот, Tarrant во манифестот наведува одмазда за убиството на 11-годишната Ebba Åkerlunds во терористичкиот напад во Стокхолм 2017. година. Тогаш Узбекистанецот Rahmat Akilov со камион прегазил и убил четири лица. Тој напишал дека девојчето враќајки се дома од училиште била убиена од исламист.

– Повеќе не можев да ги игнорирам нападите. Тоа се напади врз мојот народ, напад врз мојата култура, напад врз мојата вера и врз мојата душа. Тие не можат да се игнорираат”, напиша тој.

“Забавата може да почне”

На социјалните мрежи беше објавена и снимка од неговиот поход, но таа, како и сите негови профили, во меѓувреме се отстранети. Полицијата ја повикала јавноста да не ја делат оваа “крајно вознемирувачка” снимка на интернет. И Фејсбук и Твитер прават големи напори да ги отстранат сите можни копии кои се појавиле.

Кога седнал во автомобилот, Tarrant рекол: „Нека започне забавата“. Возејќи се до џамијата ја слушал српската песна “Од Бихаќ до село Петровец”, во која се спомнува Радован Караџиќ. Песната во која осудениот воен злосторник се повикува да “ги води своите Срби” и праќа порака “Од Краина тргнале волци, пазете се усташи и Турци”, се слуша од аудио уредот во возилото пред масакрот.

Ја напуштил работата за да патува по светот

Brenton Tarrant (28) го поминал детството во Grafton, мал град на северот во Нов Јужен Велс во Австралија. Неговиот татко бил професионален спортист кој зад себе има 75 триатлони, а починал од рак во 2010. година со само 49 години. Неговата мајка сè уште живее таму.

Tarrant одел во локалното средно училиште, а потоа во 2009. година се вработил како личен тренер во фитнес-центарот Big River Gym каде што работел до 2011. година. Шефот на центарот Tracey Gray изјавила за ABC дека тој бил многу дисциплиниран, јадел здрава исхрана и водел строг режим на вежбање , а отказ дал за да патува по светот.

“Тој беше многу посветен на вежбањето, но ги учел и другите. Се посветил на теретаната за да добие дозвола за личен тренер и да ги обучува другите. Беше многу добар во тоа. А кога велам дека беше посветен, беше посветен многу повеќе од другите луѓе. Поминувал многу време во салата за вежбање кревајќи тегови. Учествуваше во програмата за бесплатни физички активности за посиромашните деца во заедницата и беше многу среќен заради тоа.

Таа додаде дека никогаш не разговарала со него за политички или религиозни ставови, и дека никогаш не го слушнала како некому му зборува за тоа.

– Од општите дискусии за животот кои ги водевме, не ми се чинеше дека е некој кој има екстремни гледишта или било каков интерес во тоа. Но, знам дека многу патувал по напуштањето на Grafton. Бил на други континенти. Знам дека бил во разни земји и имал разни искуства, па би рекла дека нешто му се случило на тие патувања.

На патувањата тој ја посетил Европа, Југоисточна Азија и Источна Азија. Меѓу другото, бил во Северна Кореја каде што се фотографирал позирајќи со група туристи. Тој се опишал како “обичен бел човек од обично, работничко семејство со ниски примања”. На семејната фотографија објавена од австралиските медиуми, Brenton сѐ уште е бебе со сина кадрава коса, во рацете на неговиот татко.

Gray открива дека смртта на татко му го дочекала кога тој завршувал средно училиште, а од блиското семејството уште има мајка и сестра.

Австралискиот премиер Scott Morrison потврдил дека Тарант има австралиско државјанство и го опишал како насилен, екстремно десен терорист. Иако полицијата од Нов Зеланд објавила дека уапсила човек во доцните дваесетти години, но не го објавиле неговото име.