Богдановиќ негативен на Ковид-19

333

Градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ на својот Фејсбук профил информираше дека ги добил резултатите од тестот за КОВИД-19 и дека тие се негативни.

“По позитивниот тест на секретарот на Општина Центар, во интерес на општината и вработените, одлучив да се самоизолирам и јас да направам тест за КОВИД 19. Во изолација останувам до втор негативен тест.

Општината, јас како нејзин градоначалник и вработените од самиот почеток на КОВИД 19 пандемијата децидно и без исклучоци ги почитувавме мерките препорачани од надлежните институции, како што се одржувањето задолжителна дистанца, носењето на заштитни маски и одржувањето на личната хигиена.

На секретарот му посакувам брзо и лесно заздравување. Апелирам до сите да се придржуваат до препораките на Владата и Министерството за здравство затоа што Корона вирусот не бира кого ќе зарази и никој од нас не е имун на него.

Да бидеме одговорни, да ги почитуваме доследно препораките!”, вели Богдановиќ.