До Градот Скопје предложивме одложено плаќање на општествените давачки.
-
Од разговорите со полициските станици генерално се почитува полицискиот час. Користејќи ги сите алатки кои ни стојат на располагање одржуваме електронско одвивање на седниците. До сега се е во ред, изјави градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.
Околу плаќањето на данок на имот, Богдановиќ изјави дека општината ќе излезе со економски препораки за помош, како одложено плаќање на одредени давачки.
-
Нашата иницијатива е доставено до град Скопје. Очекуваме оваа недела тие мерки да бидат донесени. Мислам дека е џабе спроведување карантин само за одредени општини – кога би се носела таква одлука сметам дека тоа треба да важи за целиот град, додаде Богдановиќ и изјави дека прошетките во паркот не се масовни и луѓето ја држат потребната дистанца.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.