Бодибилдерите полудеа по мајчино млеко

168

Последната мода меѓу бодибилдерите и фитнес манијаците е пиењето на млеко.

Многумина веруваат дека тоа е непроценлива алатка што им помага на мускулите да се развиваат брзо и целосно, пишува списанието MensHealth. Дали сепак тоа навистина е така?

“Тренерите веруваат дека калориите од прехранбени производи се важни за растот на мускулите. Практично мајчиното млеко служи за тоа да го помогне растот на едно бебе, а веројатно и мажите сметаат дека сличен ефект може да има и кај возрасен човек“, изјави Брајан Пијр, специјалист за диети и спорт.

Чаша мајчино млеко содржи 170 калории, 10 г маснотии, 16 г јаглехидрати и 2 г протеини, како и витамини и минерали.

“Теоретски во мајчиното млеко има и некои хормони за растење, но не сум сигурен колку се корисни и ефикасни за еден возрасен човек”, додаде Пијр.

Научниците се согласуваат дека примањето на повеќе калории, протеини и редовните вежби помагаат за развивање на мускулите. По таа логика мајчиното млеко би било ефикасно средство за постигнување на оваа цел, но научни докази за темата нема. Некои специјалисти се прилично скептични за потрошувачката. Таа не е само скапа (1,50 долари за 28 г според официјалните податоци на Здружението на банките за доење во Северна Америка), но и може да биде опасна. Болести како СИДА, како и некои бактерии и вируси се пренесуваат преку мајчиното млеко.

Покрај тоа, за да биде со добар квалитет, мајчиното млеко треба да се чува под стерилни услови, што е многу тешко и реално човек нема поим што точно пие, купувајќи го надвор. Фитнес тренерите и експертите за адитиви и диети тврдат дека има доста лесни и евтини начини телото да се здобие со вредни хранливи материи и протеини.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.