„Блиндирана атмосфера“ за велигденските празници во Италија | На улица без причина казна од 400 евра

294

Според медиумите, претстојните велигденски празници Италијанците ќе ги поминат во „блиндирана атмосфера“.

Министерството за внатрешни работи даде инструкции, а 70.000 полицајци ќе следат дали се почитуваат строгите мерки против ковид 19.

Контролите се веќе засилени и оние кои ќе се најдат на улица без валидна причина плаќаат казна од 400 евра, јавува агенцијата Анса, а пренесува Танјуг.

Во деновите на празниците дозволено е да се посети едно семејство, но за разлика од годините пред пандемијата, не се дозволени излети во природа ниту семејни ручеци по рестораните.

Министерот за здравство Роберто Сперанца, во интервју за „Кориере дела сера“, не можеше да даде точен датум кога строгите мерки на ограничување заради пандемијата „ковид 19“ ќе бидат намалени или целосно укинати, но кажа дека повеќето Италијанци ќе бидат вакцинирани до крајот на летото.

Вчера беше постигнат рекорд по бројот на вкупно вакцинирани за еден ден, кога вкупно 280.000 лица примаиле инјекции, но најголем проблем и понатаму останува недостатокот на вакцини.

Во регионите Венето и Лацио веќе закажаните вакцинации се одложени затоа што има недостиг на лекот.

Граѓаните протестираат затоа што поединци успеваат да се вакцинираат дури и надвор од пропишаниот редослед, направен според возраста.

На добро познатиот новинар Андре Сканци, кој е чест гостин во телевизиските емисии и кој јавно се пофали дека го сторил тоа, му е забранета соработката на телевизиите РАИ и Ла 7.