Бил Гејтс и пандемијата на COID-19

225

Вистините и лагите за улогата на милијардерот во ширењето на коронавирусот.

Коосновачот на Мајкрософт и милијардер филантроп Бил Гејтс стана водечка мета на теориите на заговор за пандемијата на КОВИД-19, особено откако ја критикуваше одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп за прекин на финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО), пишуваат светските медиуми.

Како еден од најбогатите луѓе во светот Гејтс долго време е мета на напади на интернет, но во последните недели напади врз него на социјалните мрежи се засилија од сите страни, од антиваксерските групи до поддржувачите на смешната теорија на заговор која го поврзува новиот коронавирус со 5Г технологијата, пишува „Волстрит Журнал“.

Гејтс неодамна објави видео од три секунди на Инстаграм како зад прозорец држи натпис со пораката „Ви благодарам здравствени работници“, по што, според весникот, неговиот пост добил стотици илјади коментари во текот на следните неколку дена обвинувајќи го за злосторства против човештвото и врска до разни теории на заговор со вакцини, СЗО и имплантирање микрочипови кај луѓето.

Нападите врз Гејтс засилија минатата недела откако ја критикуваше одлуката на САД да го прекинат финансирањето на СЗО, што Трамповата администрација го објасни со начинот на кој СЗО постапувала за време на пандемијата, наведува Волстрит џурнал, истакнувајќи дека филантропската организација Фондација Бил и Мелинда Гејтс е вториот најголем финансиер на СЗО по САД.

Теориите на заговор се засилија со ширењето на коронавирусот и, како што посочува Волстрит Журнал, платформите на социјалните мреи остануваат плодна основа за теории поврзани со вирусот, како и вознемирување преку интернет и покрај ветувањата на овие компании за спречување на ваквите активности.

Епизодата со Гејтс ја истакнува напнатата и политизирана природа на дебатата за новиот коронавирус, оценува весникот и истакнува дека милиони Американци ја изгубија работата за време на пандемијата, со што начинот на кој владата се справува со кризата стана длабоко лично прашање.

64-годишниот Гејтс сега е ѕвезда на експлозијата на теории на заговори за пандемијата, истакнува Њујорк тајмс, укажувајќи дека милијардерот во постови на Јутјуб, Фејсбук и Твитер лажно е прикажан како творец на ковид-19, профитер од вакцината за вирусот и дел од заговор болеста да се искористи за надзор над глобалната популација.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.