Бифе Тафталиџе | За едно многу сиромашно семејство, што искочило на телевизија и сега се како туристичка атракција…

1700

Им доаѓаат луѓе со скапи коли и џипови, се сликаат со нив и си одат. Ги оставаат сами, во нивната сиромаштија, без надеж како да ја преживеат зимава која е на праг.

Станува збор за семејството Трајановски, за кои ТВ24 пролетва што помина направиле прилог. Милош, најмалиот син, сега е 5 одделение и иако е роден со срцева маана, за да стигне до училиште дневно мора да пешачи по 3 часа.

Постариот син Миле, кој заради немањето услови не успеал да заврши средно образование, бил вработен некое време, но потоа бил отпуштен затоа што не сакале да го осигураат. Тој бил и единствениот во семејството кој колку-толку придонесувал финансиски. Сега се оставени и без тоа. На милост и немилост на државата, луѓето…

Немаат буквално никаков извор на егзистенција.

Од тие побуди, решивме, во рамките на нашите можности, да направиме една хуманитарна акција. Кога ја слушнаа приказнава, речиси сите комшии и пријатели пројавија интерес да земат учество. А, акцијата планираме да ја спроведеме така што нема да собираме парични средства туку исклучиво храна, средства за хигиена, средства за чистење, облека, обувки, постелнина, јастуци, ќебиња и сл.

Храната која не е лесно расиплива како: ориз, грав, леќа, сол, шеќер, брашно, трајно млеко, кафе, тестенини, масло за готвење, конзервирана риба, конзерви месо, паштети, готови супи, бисквити, кечап конзервирани овошје и зеленчук, џем, ајвар и сл. да биде фабрички запакувана, неотворена и со важечки рок на употреба.

Да не должиме многу, разбирате за што станува збор и што сакаме да постигнеме.

Сакаме колку-толку да го снабдиме ова сиромашно семејство со најнеопходното, за да ја презимат зимата. Затоа добри луѓе, се гледаме во недела од 12 до 17 часот.

За забавата, освен нас, ќе се погрижат и повеќе наши познати естрадни ѕвезди кои без двоумење се согласија да бидат дел од овој настан. Пијачката ќе си ја „плаќате“ со горенаведенава храна или другите набројани потрепштини. Секој нека донесе онолку колку што мисли дека треба. Само не ни доаѓајте со празни раце! Во случај да не сте знаеле, тука, на 20 метри од нас е Тинекс маркетот. Да помогнеме сите !!!

П.С. Планираме, собраната донација на семејството да им ја доставиме уште истата вечер.

П.С.С. Мало појаснување за интелектуалното крило у наше маало. Значи вака… Доаѓаш у недела, поручуеш кафе, пиво или вино, ние ти носиме, а ти не даваш пари, него нешто од тоа што е горе напишано. Толку!

Бифе Тафталиџе

СПОДЕЛЕТЕ СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ !