Бес по улиците на Непол поради анти-корона мерките | Видео

91

Поради воведените нови ограничувања и полицискиот час поради влошената епидемиолошка состојба, демонстрантите синоќа нападнале полициски возила во третиот по големина италијански град Неапол.

Гневот го предизвикал повикот на гувернерот за нов „локдаун“ откако бројот на лица заразени со Ковид-19 достигнал нов дневен рекорд.

Толпа незадоволни луѓе извикуваа „Слобода“ фрлајќи шишиња и димни бомби врз полициските возила. Полицијата возвратила употребувајќи солзавец, за да ги растера демонстрантите.

Масовните протести во Неапол и пристанишниот град Салерно се одржале и покрај полицискиот час, кој започнал синоќа.

Жителите на јужниот регион добиле наредба да останат дома секоја вечер од 23 до 5 часот наутро до 13 ноември.

Италија вчера објави 19.143 нови случаи на Ковид-19, што е нов дневен рекорд од почетокот на епидемијата.