РЕЦЕПТИ

Бела чорба со телешко месо

By kukuriku

October 31, 2020

Потребно

Подготовка

Во подлабоко тенџере се става маслото и на него се динста сецканиот кромид. Се додава месото исечено на коцки и се остава да се вари.

Се додаваат 2 литри вода, бибер во зрно, ловоров лист, сецканиот морков, компирите и солта.

Се намалува температурата и тенџерето се покрива со капак и се остава да се вари додека зеленчукот и месото не омекнат.

Во посебен сад измешајте го брашното, црвениот пипер и малку вода за да нема грутки, па тоа додајте го во чорбата.

Продолжете со готвењето додека не зоврие чорбата.

Измешајте ги жолчките и киселата павлака, тргнете ја чорбата од ринглата и полека додавајте ја смесата од жолчките и павлаката постојано мешајќи со вилушката.