Бањата е најризичното место за пренос на коронавирусот 

762

Научниците веруваат дека со пуштањето на водата по нужда вирусот се шири низ собите и ги загадува другите делови од станот. 

Најризично место во преносот на коронавирусот е бањата, велат научниците.

Неодамнешното тестирање спроведено во куќа во која бил изолиран пациент заразен со коронавирус, покажало дека тоалетот, мијалникот и рачката на вратата се позитивни за вирусот, што ја зголемува можноста дека има уште еден сигурен начин за пренесување на вирусот по пат на фекалиите.

Студијата на д-р Веи Ксијанг Онг од Сингапурскиот национален центар за заразни болести, открила дека бањата е најризична затоа што по повлекувањето на водата, вирусот се шири по просториите и ги загадува другите околни места.

Останува долго време по извршена нужда 

– Кога размислуваме за начините за пренесување на коронавирусот, тоа не е првото нешто што ни паѓа на памет пред оваа студија и појавата на пандемијата. Очигледно, мора дополнително да се обрне внимание на дезинфицирање на бањата по секоја употреба, како и темелно миење на рацете по нужда – предупредува д-р Арон Глат, директор на болницата Mount Sinai South Nassau во New York.

Новиот вирус очигледно долго се задржува во фекалните материи. Затоа, ако темелно не го измиеме секој милиметар од рацете и после употреба ја дезинфицираме бањата, постои зголемен ризик од инфекција.

Д-р Онг ги тестирал домовите на тројца заразени пациенти кои биле изолирани дома. Кај секој од нив земено е по 26 примероци од просторијата каде што поминувале најмногу време, од бањата и ходникот. Примероци биле земени и од лекарите кои ги посетувале во самоизолација.

Доказ за тоа колку е важна дезинфекцијата

Првиот пациент беше тестиран двапати – на четвртиот и десеттиот ден од болеста. Тестовите беа земени по чистењето на горенаведените простории и покажаа негативен резултат. Просториите на другиот пациент биле тестирани два дена по дезинфекција и биле исто така негативни на коронавирус.

Меѓутоа, кај третиот пациент земени се примероци пред чистењето, а тестирани се и неговите примероци од столицата, кои биле позитивни за вирусот. Д-р Онг вели дека вирусот бил пронајден на три од петте места, додека во примероците од ходникот не е пронајден.

– Сега, кога имаме јасни докази дека редовната лична хигиена, како и одржувањето на хигиената во бањата по секоја употреба, е исклучително важна, ги повикуваме сите луѓе строго да се придржуваат кон ова за да го зачуваат своето здравје, како и здравјето на сите во домот, – вели д-р Онг.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.