Бамјата не е меѓу најпопуларниот и омилен зеленчук. Прашајте ги блиските и пријателите за најсаканиот зеленчук и ќе се уверите дека никој нема да се сети за бамја.
Таа не треба да се игнорира. Ако досега сте заборавале да ја купите и да ја вклучувате во јадењата време е да ја промените оваа лоша навика.
Бамјата заслужува посебно место на трпезата, не толку поради вкусот, колку поради корисните својства кои не се воопшто важни.
Со што е корисна бамјата?
Бамјата располага со врвен ресурс од хранливи материи. Таа е богата со витамини А, Ц и Е, минерали, протеини, масти, фолати, повеќе влакна, магнезиум, јаглехидрати. Целата оваа корисна комбинација му помага на организмот. Еве за што е корисна бамјата:
Дава енергија и го отстранува заморот
Прекрасните хранливи материи, особено јаглехидратите и витамините даваат енергија, која се бори со хроничниот замор. Влакната во неа придонесуваат за бавно ослободување на енергијата што ве држи буднио текот на денот, а и го продолжува чувството на ситост.
Го намалува холестеролот
Истражувањата покажуваат дека бамјата, меѓу јаболката и циметот, е многу добар пријател во борбата против високиот холестерол. Антиоксидантите и влакната во неа помагаат за прочистување на плочите од холестерол во крвните садови и намалување на количеството во крвта.
Го намалува ризикот од дијабетес
Бамјата помага за контрола на шеќерот во крвта. Таа е богата со бавно деградирачките јаглехидрати кои спречуваат нагли скокови на шеќерот во крвта и инсулинот.
Корисно е за бубрезите
Редовното консумирање на бамјата го намалува ризикот од бубрежни заболувања. Таа има детоксикациски ефект. Антиоксидантите и минералните материи ја потпомагаат работата на бубрезите и ги потиснуваат можните воспаленија. Голем дел од бубрежните болести се предизвикани токму поради дијабетес. А бамјата е одлична во борбата со дијабетесот, па ова е дополнителен бонус.
Ја инхибира астмата
Благодарение на големите количини на витамин Ц во бамјата дишните проблеми поврзани со астмата се намалуваат. Бамјата е погодна и при грип и настинка, бидејќи потрошувачката го снабдува организмот со дополнителна завидна количина витамин Ц, потребен на имунолошкиот систем.
Го штити дебелото црево од проблеми
Дебелото црево често страда од запушување, задржување на токсини, со што се создаваат услови за малигни процеси. Ракот на дебелото црево е еден од најчестите и смртоносни видови.
Затоа детоксикацијата на дебелото црево е од огромно значење. Огромното количество влакна во бамјата помага за регулирање на неговата работа.