ИСТРАЖУВАЊА

Бадијала се клукате со апчиња | Четири случаи во кои суплементите/додатоците предизвикуваат тешки последици

By kukuriku

July 15, 2018

Додатоците во исхраната луѓето ги користат за јакнење на здравјето. Важно е да се запамети дека тие не се лекови, туку природни додатоци во исхраната кои можат да се користат како благи диуретици, седативи, средства за намалување на ризикот од болести, за нормално функционирање на желудникот итн. Тие се многу популарни во светот, но колку се навистина безбедни?

Дали диететските додатоци навистина помагаат?

Веројатно понекогаш. Кога се занимавате со спорт, кога се потребни кофеинот и креатининот – додатоци кои му помагаат на телото да издржи долги и интензивни напори. Сепак, почесто е спротивното. На пример, кај популарните адаптогени, ефективноста не е докажана. Како и кај повеќето други додатоци во исхраната. А проблемот не е во тоа што воопшто не ги проучувале. Средството кое ве интересира можете да го проверите на сајтот на американскиот Национален центар за комплементарна и интегративна медицина.

Во составот на додатоците во исхраната можат, од агол на ефикасноста, да се најдат добри супстанции и некогаш таквите додатоци стануваат лекови – ако тие соединенија се издвојат, се тестираат соодветно, синтетизираат и се пуштат во промет во доволни количини. На пример, од врбина кора добиваме аспирин, а од тиса паклитаксел, кој се применува на онколошки пациенти.

Во некои случаи лекарите ги препишуваат овие додатоци дури и како терапија. Тогаш кога не постојат соодветни лекови во продажбата, тие се даваат како замена заради сличноста на содржината. Обично се даваат поради недостаток на некои витамини или микроелементи и се користат со главната терапија.

Колку се безбедни?

Продолжува на страна 2

Тие не се секогаш безбедни. Во различни држави забележани се многу случаи кога додатоците во исхраната резултирале со сериозни последици. Постојат неколку причини за тоа:

  1. Растенијата од кои се прават додатоците се состојат од неколку компоненти. Дури и ако некоја од нив може да му помогне на некого, другите можат да предизвикаат неочекувана реакција.
  2. Концентрацијата на супстанциите може да биде многу различна и зависи од тоа каде се одгледувало растението, во кои услови, кои нејзини делови се користат за правење на додатоците во исхраната, кога е набрано.
  3. При регистрацијата и произведството на диет додатоци во исхраната, помалку се строги барањата при регистрацијата отколку при производството на лековите. Дури и во развиените земји постои голем проблем со фактот дека додатоците во исхраната се контаминирани со метали, производителите додаваат во нив вистински лекови и забранети супстанции (и не ги наведуваат на пакувањето).
  4. Кога диететските додатоци се користат со други лекови, тие можат да ја намалат нивната ефикасност и да доведат до различни несакани ефекти.

Сепак, треба да се признае дека додатоците во исхраната во повеќето случаи се ефективни, но главно поради тоа што во нив, исто така, се ставаат и лекови. Тоа се прави во целиот свет. На пример, се користи сибутрамин, кој е силна супстанција.

Ако немате недостаток на железо или некој витамин, додатоците во исхраната за зајакнување на ноктите или за сјај на косата нема никаква смисла. Подобро е да одите на доктор тој да утврди што е проблемот и да ја препише терапијата. Во секој случај, не постојат убедливи докази дека некои додатоци помагаат и во кои случаи.

Треба ли да се користат мултивитамини, омега-3 киселини, антиоксиданти ако ништо не ве боли?

Очигледно не. Истражувањата утврдиле дека некои специфични производи (како на пример масна риба) се поврзани со продолжување на животот и помали ризици од заболување (нпр. срцето). Меѓутоа, ако од овие производи се издвојат екстра добрите супстанции, таквите додатоци во исхраната немаат ист ефект. На пример, омега 3 масни киселини, кои се наоѓаат во масната риба, како додаток, не спречуваат болести на срцето.