Атина | Сите грчки острови се отсечени од светот

131

Атина – Грчката поморска федерација од полноќ почнува со 24-часовен генерален штрајк, со што бродовите ќе бидат закотвени на бреговите низ цела Грција.

Како што јавува МИА, од федерацијата бараат потпишување на колективните договори со екипажите на бродовите за 2019 година и зголемување на платата.

Грчките траекти ќе останат врзани на пристаништата додека работниците на бродовите не работат поради спорот со патничките бродски оператори.

Штрајкот ќе ги остави сите острови без врска со копното и ќе влијае врз сообраќајот на траектите помеѓу Грција и Италија.

Синдикатот на работниците минатата недела повика на штрајк откако го отфрли најновиот предлог на управата на грчките траектни компании за новиот колективен договор за работа.