ЗАГОВОРИ

АПОЛО 11 | Теорија на заговор или факти? Фото/Видео

By kukuriku

November 26, 2020

Пред 50 години, на 20 јули 1969 година, Нил Армстронг, Баз Алдрин и Мајкл Колинс биле првите луѓе кои слетале на Месечината. Армстронг и Алдрин поминале два часа шетајќи на површината на Месечината.

Поставиле американско знаме, разговарале по телефон со тогашниот претседател на Америка Ричард Никсон и собрале 23 килограми камења од Месечината кои ги понеле на Земјата.

Мисијата траела 8 дена, 3 часа, 18 минути и 35 секунди.

Постојат интересни моменти кои се опишани во книгата „Мисија Аполо – Неопејаниот херој“, на авторот Били Воткинс, а за многумина не се познати.

Русија ја попречувала комуникацијата на астронаутите?

Една од работите која е забележена во текот на неколку пробни летови на мисијата Аполо се пречките во комуникацијата. Кога астронаутите зборувале, сигналот на моменти бил отсечен.

„Со системот за комуникација кој тогаш го користевме, не постоеше ниту една причина да дојде до пречки, па прашањето беше што ги предизвикува пречките? На почетокот не се знаеше причината.“

Меѓутоа, преку системите за следење, Американците виделе дека руска подморница се наоѓа во близина. Бидејќи била во меѓународни води, не можеле ништо да направат за да ја оддалечат од тоа место.

„Попречувањето на нашите системи секако им било во интерес за да ја пореметат мисијата Аполо. Со одредена опрема не беше тешко да се дознае и да се попречува фреквенцијата што ја користевме . Поради тоа моравме да преземеме контрамерки“, пишува во книгата.

Во неделите кои воделе кон конечната мисија Аполо 11, НАСА инсталирала огромен сателит во Вселенскиот центар „Кенеди“, кој служел попречувачките сигнали насочени кон нив да ги одбие и да ги врати на точката од каде што стигнале. После тоа веќе немало пречки во комуникацијата.

Одбројување и емоции

Џек Кинг, чиј глас може да се слушне во текот на одбројувањето пред лансирањето, секогаш бил цврст човек. Никогаш не дозволувал емоциите да го совладаат додека си ја врши работата. Во текот на мисијата Аполо 11, откако почнал да одбројува “…6, 5, 4, 3, 2…”, тука гласот му „пукнал“, па набрзо продолжил …1, 0. Сите мотори се стартувани!“

„Во текот на лансирањето обично во главата слушам 5 гласови. На директорот на летот, на менаџерот на лансирање, на супервизорот на лансирањето… Ја слушам нивната комуникација и информациите ги пренесувам во јавност. Но во текот на тоа лансирање, постоеше уште еден глас – мојот. Ми рече: О, Боже, ние стварно одиме на Месечината“, вели Кинг.

Првиот чекор на Армстронг за малку немало да биде снимен

Четири месеци пред лансирањето на Аполо 11, научниците и инженерите дошле до идеја целиот настан да го проследи камера која астронаутите мора да ја понесат со себе. Во тоа време камерите биле гломазни и тешки, па поради тоа било доведено под прашање дали слетувањето на Месечината воопшто ќе се пренесува.

Џулијан Сир, задолжен за односи со јавност, инсистирал камерата да биде на месечината бидејќи, како што рекол, ако луѓето не видат што се случило, нема ни да веруваат дека се случило. Им рекол на инженерите дека мора да се ослободат од некој друг товар за камерата да оди со нив.

Армстронг бил вистинскиот човек за мисијата Аполо

Џо Смит, техничарот кој бил задолжен за вселенските одела и кој секогаш го облекувал Армстронг, го опишал со следниве зборови: „Кога би седнале со него на пиво, би рекле дека тој е просечен човек, кој нема его, могу сталожен и скромен, не беше импресиониран со себе и со тоа што го постигнал. Ама беше многу сериозен кога стануваше збор за работата, високо обучен и подготвен тест пилот и многу смирен во ситуации кога притисокот е голем.“

Луѓето не стапнале на Месечината

Дел од светската популација не верува дека Нил Армстронг некогаш стапнал на Месечината. Теоретичарите на завери тврдат дека Американците ја губеле вселенската битка со поранешниот Советски Сојуз па одлучиле да го возвратат ударот.

Го замолиле Стенли Кјубрик, кој го завршувал своето ремек-дело „Одисеја во вселената 2001“, да го режира првото слетување на човекот на Месечината.

Сомнежите дека слетувањето е лажирано ги поттикнала книгата на Бил Кајсинг од 1976 година “We Never Went to the Moon: America’s Thirty Billion Dollar Swindle“ („Никогаш не сме отишле на Месечината: Американска измама вредна 30 милијарди долари“), кој тврдел дека Америка нема доволно развиена технологија за префрлување на луѓе на Месечината.