ПСИХОЛОГИЈА НА ЖИВОТОТ / УСПЕХОТ

Антрополог – УБУНТУ

By kukuriku

November 22, 2019

Антрополог на деца од едно племе во Африка им предложил игра. Ставил корпа полна со овошје покрај едно дрво и им кажал дека кој прв до неа ќе стаса ќе освои слатки плодови.

Кога дал знак да тргнат сите се фатиле за раце, и така заедно потрчале, а потоа седнале заедно да уживаат во овошјето.

На прашањето зошто тргнале заедно кога еден можел да ги има сите плодови за себе, тие рекле: „Убунту, како може некој од нас да биде среќен ако сите други се тажни?“

Убунту значи: „Јас сум тој што сум затоа што сите сме исти“.