СПОРТ

Англија по голема драма го урна Мексико ! Кејн: Копавме длабоко за оваа победа

By kukuriku

July 06, 2026

Англија со многу мака се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство 2026, откако во спектакуларен осминафинален дуел го совлада Мексико со 3-2. Херој на „Трите лава“ беше капитенот Хари Кејн, кој по натпреварот порача дека тимот морал да ја пронајде својата внатрешна сила за да стигне до победата.

По последниот судиски свиреж на стадионот во Мексико Сити, Кејн не ги криеше емоциите.

„Беше луд натпревар. Моравме да копаме длабоко во себе за да најдеме сила. Најдовме начин да победиме. Поддршката од нашите навивачи беше неверојатна. Навистина сум без зборови“, изјави капитенот на Англија.

Натпреварот понуди сè што може да посака еден љубител на фудбалот. Англија поведе со 2-0 со двата гола на Џуд Белингам, но Мексико не се предаде и ја врати неизвесноста. Дополнителни проблеми за Англичаните донесе исклучувањето на Џарел Куанса на почетокот од второто полувреме.

И покрај играч помалку, Кејн беше сигурен од белата точка за 3-1, но Раул Хименез повторно го врати Мексико во игра, намалувајќи на 3-2. Во драматичниот финиш, Англија успеа да го сочува водството и да обезбеди место меѓу осумте најдобри.

„Секој мораше да пронајде нешто повеќе во себе. Имавме многу херои на теренот. Исклучително сум горд на овој тим и на начинот на кој се бореше. Заедништвото не се докажува со зборови, туку на вакви натпревари“, истакна Кејн.

Со оваа победа Англија стави крај и на серијата на Мексико без пораз на мундијалските натпревари одиграни во Мексико Сити.

Задоволен беше и селекторот Томас Тухел.

„Многу сум горд. Беше неверојатно тежок натпревар. Секогаш кога ќе помислевме дека ја преземаме контролата, следуваше нов удар. Но, играчите не се откажаа ниту за момент. Сите оставија сè на теренот и токму тоа ја направи разликата“, изјави германскиот стратег.

Во четвртфиналето Англија ја очекува нов голем предизвик – дуел со Норвешка, која го елиминираше Бразил со 2-1, благодарение на двата гола на Ерлинг Халанд.

„Норвешка е квалитетна репрезентација со опасни играчи и нè очекува тежок натпревар. Но, сега сакаме да уживаме во оваа победа, а потоа целосно ќе се посветиме на подготовките“, порача Кејн.