SHOWBIZ

And the Oscar Goes to … | Видео

By kukuriku

February 24, 2019

Американската Академија на филмска уметност и наука, вечерва во Долби театарот во Лос Анџелес го организира 91. доделување на Оскари.

За првпат, од 1989 година, манифестацијата ќе биде одржано без водител, но и без новата категорија за најпопуларен филм, од која Академијата се откажа. Но се откажа и американскиот комичар Кевин Харт од улогата на водител по бурните реакции на јавноста на неговите хомофобни пораки на Твитер. Да се потсетиме, дека последните две години церемонијата ја водеше комичарот Џими Кимел.

Во категоријата за најдобар филм, годинава се номинирани осум филмови. Фаворити, со по 10 номинации, се сметаат британскиот филм „Миленичка“, црна комедија за политичките интриги и игри на моќ на дворот на кралица Ана во 18 век и „Рома“, осврт на животот на една куќна помошничка во Мексико Сити.

Сепак, самиот број на номинации не гарантира и дека ќе ја добие наградата за најдобар филм, бидејќи за тоа гласаат 8.200 членови на Академијата од различни области.

По првпат во историјата на една пејачка, поконкретно на Лејди Гага, и успеа да стане првата личност која во иста година е номинирана за најдобра актерка и најдобра песна во филмот на Бредли Купер „Ѕвездата е родена”. Лејди Гага се смета за фаворит за освојување на наградата за најдобра песна, благодарение на „Shallow“, која ги освои срцата на обожаватели од целиот свет, за која веќе ги доби наградите Греми, Златен глобус и БАФТА.

Филмот „Црниот Пантер” од работилницата на Марвел е првиот филм за суперхерој номиниран во категоријата најдобар филм и тоа десет години откако Американската филмска академија го игнорираше филмот „Витез на темнината” во таа категорија. „Црниот Пантер” е исто така филмот со највисока заработка во 2018 година, која изнесува околу 1,3 милијарди долари.

Познатиот американски режисер Спајк Ли беше првпат е номиниран во категоријата најдобар режисер благодарение на филмот „BlacKkKlansman”. Досега беше номиниран само во категориите за најдобро оригинално сценарио и за најдобар документарен филм. Во 2015 година му беше доделен почесен Оскар.

Годинава историја ќе испише и филмот „Рома“, како прв филм на Нетфликс во таа категорија, како и во категориите Најдобар режисер, Најдобро сценарио, Најдобар странски филм, Најдобар продукциски дизајн, Најдобро уредување на звукот и Најдобар звук. Продуцентката на „Рома, Габриела Родригез, е првата латиноамериканка кој ја доби номинацијата во категоријата најдобар филм.

За Оскар за најдобар филм ќе се натпреваруваат осум остварување:

Во конкуренција за најдобар режисер се:

За најдобра машка улога номинирани се:

За најдобра женска улога номинирани се: