ЖИВОТ

Ана Бучевиќ | 10 работи кои ме движат

By kukuriku

January 17, 2019

“Не го набљудувам мојот живот, јас го создавам”, вели мотивацискиот говорник, сплиќанката Ана Бучевиќ, интернетска ѕвезда која има стотици илјади следбеници на својот Youtube канал.

Многу од нив велат дека ги инспирирала на промени кои им ја подобриле љубовните, пријателски, семејни односи и бизнисот.

А што го движи лицето кое ги движи другите …

1. Љубов

Да се биде љубов и да се живее е најважната здрава навика според мене. Сите ние сме во длабочините на нашите души создадени од љубовта. Љубовта е нашата вистинска природа. За да се создаде навика љубовта со давање да се размножува, го обои мојот живот со бои за кои дури и не знаев дека постојат. Јас живеам од љубовта, ја дишам љубовта.

2. Благодарност

Мојата најважна животна вештина и од срце им препорачувам на сите да ја навежбаат. Благодарноста се учи. И кога таа ми премина во навика, целосно ми се промени перцепцијата на животот. Со благодарност, ние се фокусираме на благословите со кои сме опкружени, наместо на недостатоците поради кои сме незадоволни. Многу луѓе мислат дека среќните луѓе се благодарни. Не, благодарните луѓе се среќни луѓе. И поради тоа што се благодарни, нивниот живот секојдневно им дава се повеќе причини за благодарност. Благодарна се будам и благодарна одам на спиење.

3. Мотивација

Кој ја разбира важноста на мотивацијата во животот, не поминува низ денот без да биде мотивиран. Мотивацијата ве турка напред, ги менува вашите уверувања за тоа што можете да постигнете. Да мотивирате други моето е интересирање токму поради тоа што мотивацијата ме доведе до реализација на моите соништа. Кога сфатив колку е важна, одлучив да се посветам на мотивирање на другите.

4. Медитација

Медитацијата го промени мојот живот. Во тишината во која влегувам секој ден, постојат сите тајни и одговори кон кои се стремиме. Во медитацијата се открив себеси и мојот потенцијал. Јас апсолутно им препорачувам на сите кои сакаат да ја смират бучавата на мислата во сопствениот ум и да осознаат кои се навистина.

5. Креативна визуелизација

Нашата фантазија ни е дадена со причина. Дадена нѝ е да ги креираме сопствените животи, и да не бегаме од нив. Ние сме вибрациони суштества кои ги креираат сопствените животи. Сите што можеме да си замислиме, можеме и да постигнеме. Сè што сакам во мојот живот, прво замислувам да се оствари, а потоа за тоа сведочам во реалноста. Не го набљудувам мојот живот, го создавам.

Продолжува на страна 2

6. Едукација

Нема ден во кој не учам нешто ново. Знаењето е апсолутна сила. Никој никогаш не може да нѝ го одземе. Замислете колку нешта не знаеме, а можат да ни ги промененат нашите животи. Кога решив да се едуцирам како функционира Законот на привлекување, мојот живот се промени целосно. Денес, образованието нѝ е дадено на дланка со еден клик на интернет. Сè може да се научи. Апсолутно сè. Прашањето е само кој сака да учи.

7. Вера

Не се верува кога се гледа, туку се гледа кога се верува. Да се верува во Бога, кој е за мене само процес на животот, основа е на мојот мир и спокојство. Да веруваме дека сме дел од Бога, на душата која безусловно нè сака и води, носи мир во мојот живот. И радост. Верувањето значи да продолжиме да веруваме и кога ги имаме сите причини да се сомневаме. Денес, мојата вера стана знаење.

8. LCHF исхрана

Кога на мојот сопруг му е дијагностициран рак, целосно сме ја смениле исхраната. Преку прекрасната нутриционистка Анита Шупа дознав за LCHF исхраната која, освен што му помогна на мојот сопруг да се излекува и да ја врати потребната моќ и енергија во своето тело, целосно го промени моето разбирање за храната. Хранејќи се на тој начин, во рекордно време, ја вратив мојата тежина по породувањето, но уште поважно, храната за мене сега е енергија. Таа е наше гориво. LCHF исхрана навистина е тоа.

9. Оптимизам

Изборот е најубавиот дар од Бога што нѝ е даден. Избираме дали ќе бидеме оптимистични или песимистични. Песимистите сметаат дека се штитат од разочарување, не сфаќајќи дека со песимизмот во својот живот привлекуваат уште повеќе причини за песимизам. Оптимистите веруваат во позитивен исход, и кога работите не се случуваат, оптимистите сé уште веруваат дека тоа е за нивното поголемо добро. Оптимизмот е многу поинтелигентен избор.

10. Давање

Кој навистина разбира дека убавината на животот е во давањето, тој е награден стократно. Кога им даваме на другите, тогаш вибрираме тоа да го имаме и животот нѝ дава повеќе од нештата. Одамна освестив давање и почнав да давам насмевка, прегратка, убави зборови. И за тоа можам денес да им дадам на луѓето многу повеќе. Се дава без очекување дека ќе добиете нешто назад. Затоа што со давањето веќе сте добиле. Емоцијата која ја чувствувам кога нешто некому дарувам не може да ми даде ниту една материјална работа. А кога ќе сфатите дека сите ние сме едно и дека, кога им давате на другите, себеси си давате, сте ја сфатиле поентата.

sensa.hr