Американка која го победи коронавирусот на 90 години, стана симбол на надеж | Видео

231

Geneva Wood (90) од Seattle го победи коронавирусот и стана симбол на надеж за илјадници заразени Американци, особено постари лица, но и за милиони други кои стравуваат од инфекција, пренесуваат американските медиуми.

Geneva се заразила со вирусот кон средината на февруари, како една од многуте станари на Центарот за стари лица во Сиетл. Од нив 132 повеќе од шеесет проценти се разболеле, а една четвртина починала од ефектите на Ковид-19.

Нејзината внука Kate Neidigh за „Seattle Refined“ изјави дека болеста на баба ѝ е потврдена на 6 март. Во Центарот завршила во јануари по мозочен удар. Но, таа вели дека не е изненадување што баба ѝ „се извлекла“ затоа што секогаш била борец. Таа преку болничкото стакло праќала пораки дека ќе „победи“ и дека „ќе се гордеат на неа“.

Толку многу љубов

Кејт напиша на Фејсбук дека нејзината баба, додека била болна, барала супа од компир, а сега сите, вклучително и докторите и медицинските сестри, се шегуваат дека токму тоа ѝ помогнало да се опорави, и го барааат волшебниот рецепт.

Geneva Wood има пет деца, 11 внуци, 12 правнуци и три праправнуци. Постојано е опкружена со голема количина љубов, што може да биде и причината за нејзиното закрепнување, вели Neidigh и додава дека се надева дека бабата ќе биде пуштена од болничко лекување следната недела.

Пред неколку дена, иранската државна новинска агенција Ирна објави дека 103-годишна жена е излечена во еден град на 180 километри оддалеченост од Техеран, а британските медиуми објавија за успешно заздравување на брачна двојка во Hangzhou. Тој бил кинески астроном и 98 години, а неговата сопруга 85.

Еден од најстарите излекувани лица во Кина е, според италијанските медиуми, е пензионираниот владика Zhu од Nanyanga, кој има 98 години.