Америка во ГОЛЕМИ неволји ? Русија, Кина и Иран го објавија својот план за ЕСЕН – се очекува итна реакција на НАТО

377

Иран, Русија и Кина планираат да одржат заеднички поморски вежби оваа есен, изјави началникот на Генералштабот на вооружените сили на Иран Мохамад Багери на прес-конференција на парадата на вооружените сили на Иран.

– Во текот на оваа есен во северните води на Индискиот Океан ќе се одржат вежби со учество на поморските флоти на Иран, Русија и Кина – изјави Багери, пренесува агенцијата Мехр.

Тој додаде дека на вежбите ќе учествуваат и Пакистан, Оман и голем број други земји.

Во август, Русија, Кина и Иран одржаа серија големи вежби во Латинска Америка во кои учествуваа десет други земји.