Вашингтон го укина ембаргото за оружје, поделбите ќе бидат уште побрутални, реагирале и Турција и Грците!
Турското Министерство за надворешни работи денеска остро го осуди проширувањето на одлуката на САД донесена во септември 2020 година во врска со укинувањето на ембаргото за оружје на Кипар.
Американскиот Стејт департмент објави дека државниот секретар Ентони Блинкен ги укина одбранбените трговски санкции за Кипар за 2023 година, објави Ројтерс.
Анкара наведува дека оваа одлука „дополнително ќе ја зајакне непопустливоста на кипарските Грци и негативно ќе влијае на напорите за решавање на кипарското прашање“.
Турција, која има повеќе од 35.000 војници во северната третина од островот Кипар, ја осуди одлуката за укинување на ембаргото за оружје.
„Тоа ќе доведе до трка во вооружување на островот, ќе им наштети на мирот и стабилноста во источниот Медитеран“, се вели во соопштението, во кое се повикуваат САД да ја преиспитаат својата одлука и да водат урамнотежена политика кон сите страни на островот.
Во исто време, Кипар денеска го поздрави целосното укинување на американското ембарго за оружје како чекор што ги потврдува се посилните билатерални односи меѓу двете страни, што придонесува за стабилноста во турбулентниот регион на источниот Медитеран, пренесе агенцијата АП.
Кипарскиот претседател Никос Анастасијадес преку Твитер ја изрази својата благодарност до претседателот на Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, Роберт Менендез, демократ, за помошта за укинување на ембаргото.
Ројтерс потсетува дека Кипар беше поделен во 1974 година за време на турската инвазија, која беше иницирана од грчкиот пуч. Оттогаш, Кипар е управуван од грчката администрација, која Анкара не ја признава. Турција го признава само турскиот дел на Кипар на северот на островот.