АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

Активниот јаглен – универзален детоксин

By kukuriku

October 12, 2020

Во современата медицина активниот јаглен првенствено се користи кај акутните труења предизвикани со вдишување, преку вода или преку храна.

Претставува голема помош при труење со лекови што е честа појава особено кај децата. Затоа педијатрите препорачуваат секогаш да биде присутен во домашната аптека.

Лековитите својства на овој природен препарат за првпат се документирани уште на египетските папируси.