ЖИВОТ

Ако вашата врска е ваква ќе дочекате длабока старост

By kukuriku

January 16, 2022

Двојките кои пред сè се пријатели, кои се длабоко поврзани еден со друг, се многу среќни.

Кога ќе се вљубиме, среќни сме и сакаме таа врска да трае засекогаш. Сепак, доколку сте на почеток од врската и се прашувате како да го совладате тој пат до стабилна врска, ви ја откриваме тајната на среќните двојки.

Не станува збор за тоа колку често разговарате, најважна е добра и стабилна основа. Таквите врски траат, цврсти се и ги исполнуваат луѓето. Коа врската е изградена првенствено на сексуална привлечност или идеја дека некој е „добра прилика“, тогаш нема многу простор за прилагодување штом нештата тргнат малку надолу.

Но кога двајца се во врска и можат да ги “менуваат улогите“, да бидат пријатели и партнери или сопружници, тогаш тоа е едно подлабоко ниво на интимност, блискост и доверба, кои на таквите двојки им овозможува да опстанат заедно и да бидат среќни, без разлика на евентуалните промени во животните околности.

Ова секако не мора да значи дека пртнерот мора да ви е најдобар пријател, но важно е да ви е пријател меѓу другото.

Сите ние одржуваме различни пријателства кои ги задоволуваат нашите потреби на одредени полиња но многу е важно, пресудно за среќна врска, партнерот да биде во тој најтесен круг на најблиски, најдраги и најверни пријатели кои ги имаме.