ДИЕТИ

Ако сакате да ослабете заборавете на овие пијалаци

By kukuriku

July 31, 2021

Веќе сте слушнале дека жестоките алкохолни пијалаци и газираните пијалаци не се пријатели на вагата.

Сепак, тие не се единствените пијалоци со кои сте навикнати и кои можат сериозно да ги изместат вашите диететски планови, тврди Карен Ансел, автор на “Healing Superfoods for Anti-Aging: Stay Younger, Live Longer”.

Треба да се отстранат од дневното мени и следниве течности:

Кофеински пијалаци

Мокачино, фрапучино, млеко со мириси и т.н. – Заборавете на нив! Изгледаат безопасно – кафе, млеко и адитиви, но всушност на крајот се покажуваат со стотици непотребни калории! Ако ви е потребна својата доза кофеин, пијте чисто кафе.

Нискомаслено млеко

Ако мислите дека нискомасленото млеко ќе ви помогне во борбата со килограмите, грешите. “Нискомасленото млеко може и да има малку помалку калории, но тоа е сиромашно на важни хранливи состојки. Подобро пијте млеко со 2% масленост, бидејќи тоа содржи доволно калциум, за да ги трошите поефикасно мастите “, објаснува Ансел.

Ладен чај

Скоро секој вид ладен чај е полн со шеќер. Во просек едно шише содржи 11 лажици шеќер. Подобро направете си домашен ладен чај, кој е засладен помалку и на кој може да додадете малку лимон за мирис.

Овошен сок

Колку и “чист” да е еден овошен сок, тој содржи многу шеќер: чаша 100% сок од грозје има 9 лажички шеќер; чаша 100% сок од јаболко има 7 лажички шеќер; чаша 100% сок од портокал има 6 лажички шеќер. Избегнувајте секакви овошни пијалаци, на чија етикета е означена содржината на додаден шеќер.

Смутија

На прв поглед едно овошно или растително с,мути изгледа сосема соодветно за вашата исхрана. Дали би изеле одеднаш сепак 4-5 порции овошје / зеленчук? Проблемот со овој пијалак е дека човек често може да претера со количеството без да почувствува – а тоа се и повеќе калории, коментира Ансел.

Енергетски пијалаци

Ако ви требаат енергетски пијалаци, тогаш или не се храните правилно, или не спиете доволно и затоа немате енергија. Апсорпцијата на храната и согорување на масти исто така не е на ниво. Со слични пијалаци само го полните телото со шеќер и токсини, но не ја подобрувате функцијата и неговата работа. Подобро поработете на режимот, за да не мора да се одржувате будни и енергични со вештачки стимуланси.