ДИЕТИ

Ако сакате да нафрлите некое килце за време на зимата тогаш не ги правете овие работи

By kukuriku

November 19, 2018

Исхрана

Вистината е дека некоја храна ни помага да ги изгубиме килогамите, а и ги намалува шансите за некои сериозни заболувања.

На листата на супернамирници на врвот се наоѓа кељот, кој мора што повеќе да го имате во исхраната. Може да биде како прилог или како главно јадење за време на празниците. А кога е десертот во прашање, ваш прв избор нека бидат десертите со јаболка.

Направете план

Толку избор на храна за време на празниците, може да ве избезуми, и тоа буквално! Ако одите кај баба и дедо на ручек, а знаете дека таму ќе биде сервиран вашиот омилен десерт, тогаш за почеток појадувајте за да го забрзате метаболизмот. Потоа вежбајте непосредно пред оброот.

За време на оброкот јадете го само она што ви се допаѓа, а пред омилениот десерт почекајте 20 минути. Кога вашиот мозок ќе ги обработи информаците и ќе сфатите дека не сте веќе гладни, нема да јадете многу од десертот. Исто така, избегнувајте алкохол и сокови полни калории.

Вежбајте надвор

Иако избегнувате да бидете надвор поради студот, сепак спортувањето во природа и во зима е одлична физичка активност. Изберете чизми кои не пропуштаат, дебели ракавици, шал и капа и излезете надвор. Трчањето на свеж воздух има повеќе придобивки. Ако зимава има снег, не пропуштајте да минувате повеќе време надвор.