Ако РУСИЈА го ПОВЛЕЧЕ овој ПОТЕГ, НАТО влегува во ВОЈНА ?! Поранешен командант на алијансата открива што може да биде поттик за директен конфликт со Москва!

499

Поранешниот врховен командант на НАТО James Stavridis изјави дека ако Русија спроведе политика на „изгорена земја“ во Украина, „речиси сигурно ќе го вовлече НАТО во борба“.

Коментарите на Stavridis дојдоа откако Daily Beast објави дека членови на руските државни медиуми предлагаат радикални потези во Украина, пишува Newsweek.

Особено одекна изјавата на рускиот воен експерт Игор Коротченко, кој на државната телевизија рече дека Русија „треба да дејствува брзо, грубо и бескомпромисно“.

„Пред сè, ние мора да ги интензивираме нашите удари врз критичната инфраструктура на таков начин што Украина, еден регион по друг, еден округ по друг, ќе западне во темнина“, рече Коротченко.

Ставридис реагира оценувајќи дека во тој случај Русија „речиси сигурно ќе го вовлече НАТО во борба“.

Ретвитувајќи го статусот на колумнистката Julia Davis за Daily Beast, Stavridis напиша:

„Политиката на „изгорена земја“ што ја турка Украина во „мрак“ е позната и како „масовно воено злосторство“. Овој начин на дејствување речиси сигурно ќе го вовлече НАТО во борба со зоната на забранети летови. Лоша идеја, Владимир“.

НАТО досега одбиваше да воведе зона на забранети летови над Украина, а шефот на Алијансата Jens Stoltenberg изрази загриженост на почетокот на војната во Украина дека би можело дополнително да го прошири конфликтот.

„Единствениот начин да се спроведе зона на забранети летови е да се испратат борбени авиони на НАТО во украинскиот воздушен простор, а потоа да се спроведе таа зона на забранети летови со соборување руски авиони“, рече генералниот секретар на НАТО Jens Stoltenberg, додавајќи дека тоа може да резултира со „ нешто што може да заврши со тотална војна во Европа“.