9 членки забраниле прелет на руски авион за Италија | Населението револтирано! Видео

676

Италија секојдневно бележи црни биланси, а многу земји ѝ понудиле помош, вклучително и Русија. Сепак, ЕУ не дозволи, поточно, девет нејзини членки, не дозволиле лет на руски хуманитарен авион, кој некако успеал да достави помош.

Однесувањето на некои членки на ЕУ кои не дозволија да прелета руски авион со помош, го дигна на нозе Апенинскиот Полуостров, а особено корисниците на социјалните мрежи, кои не можат да го разберат ваквото однесување!

Тие велат дека оправдувањата ако се само испочитувани протоколите недозволиви, како и дека тие протоколи треба да бидат суспендирани во вакви ситуации.

Коментарите на Италијанците одат дотаму што бараат излез од ЕУ.

Треба да се потсетиме дека во кризата предизвикана од пандемискиот вирус корона, а која особено ја погоди Италија, се чини дека недостасува солидарноста од унијата со таа земја, додека Кинезите и Русите најмногу им помогнаа во овој тежок период.

Москва испрати дури осум екипи на воени виролози и лекари во Италија, како и медицинска опрема и системи за дезинфекција.

Италијанските граѓани го прпознале тоа, па на социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се гледа дека италијанските граѓани го отстрануваат знамето на унијата и наместо него го креваат знамето на Кина.

Притоа, Италијанците, на некој начин, го искажаа својот став за ЕУ и во исто време покажаа почит кон Кина.

Кина испрати голема помош во Италија во форма на медицинска опрема и уреди за борба против епидемијата на вирусот корона, како и свои експерти.

Како што беше објавено претходно во медиумите, Кина испратила два милиони маски, околу 10.000 респиратори, како и 20.000 заштитни костуми во Италија …