ЗДРАВА ХРАНА

8 намирници кои гарантираат мирен сон

By kukuriku

August 25, 2021

Добриот сон (или недостатокот од него) влијае на сѐ, од навиките во исхраната до имунолошкиот систем.

Ако несоницата е нешто со што често се среќавате, можеби е време да ги промените навиките во исхраната. Погледнете која храна можете да ја вклучите во вашата исхрана (доколку веќе не ја конзумирате) и која ќе ви помогне да спиете подобро.

Бадеми

Бадемите се полни со калиум и витамини Б, кои му помагаат на вашиот нервен систем да се релаксира. Можете да намачкате малку путер од бадеми на тостот и да додадете неколку парчиња банана – нема потреба повеќе да ги броите овците пред спиење.

Банани

Бананите, како и бадемите, се полни со витамин Б-комплекс и калиум, што ги прави одлично оружје против несоница.

Кафеав ориз

Кафеавиот ориз содржи гама аминобутерна киселина (GABA), која го смирува нервниот систем и делува речиси како природен седатив.

Цреши

Црешите му помагаат на телото да испушта мелатонин, кој некои го нарекуваат „биолошки часовник“, бидејќи ги подобрува циклусите на спиење и природно будење. Исто така, црешите можат да му помогнат на вашето тело да се прилагоди на променливите временски зони.

Наут

Наутот е полн со витамин Б6, кој е потребен за производство на мелатонин. Грицкањето наут во текот на денот ќе ви помогне вашето тело и нервниот систем да се релаксираат кога е време за спиење.

Кељ

Недостатокот на магнезиум во телото е една од главните причини за несоница – за среќа, кељот е полн со овој минерал.

Овесна каша

Иако најчесто се јаде за појадок, овесната каша исто така може да ви помогне да заспиете. Овесот му помага на телото да лачи хормони за спиење (мелатонин), па зошто да не појадувате за вечера?

Ореви

Оревите се одличен извор на триптофан – аминокиселина која го подобрува сонот и спиењето. Триптофан се претвора во серотонин што го поттикнува спиењето, затоа слободно закускајте неколку ореви по вечерата и ќе бидете подготвени за спиење.