Андреј Курпатов, познатиот руски доктор психотерапевт, писател и колумнист во многу публикации, напишал златни правила на својот живот. Ви предлагаме да ги прочитате, едноставно можат да ви одговараат.
Креаторот на современиот модел на психологијата, е автор на повеќе од сто научни трудови и неколку десетици монографии, раководи со еден од најдобрите психотерапевтски центри во Русија, советник е на Сојузното собрание на Руската Федерација за прашања од психолошка култура и менталното здравје.
Андреј Курпатов е лекар-психотерапевт, исклучителен специјалист со голем авторитет, директор на Клиниката д-р Андреј Курпатов, началник на Клиничкиот центар во Санкт Петербург, член на Балтичката педагошка академија.
Неговите книги се многу интересни, напишани на разбирлив јазик, се полни со иронија и навистина помагаат!
1. Никогаш не ја префрлувајте одговорноста за она што ви се случува во животот на туѓ грб
Јас разбирам дека постои постојано искушение да ги обвинувате другите, тоа можеби е и најлесно со тоа да се оправдате себеси.
Но, моќта ќе ја најдете тогаш кога во целост ќе прифатите дека сте автор на сите свои неуспеси и креатор на своите успеси, пишува Bright side.
2. Прифатете го фактот дека не можете да го промените минатото – готово е
Ние можеме да влијаеме само на иднината, а таа зависи од она што правиме сега.
Не очекувајте дека вашата иднина ќе биде огромна: Треба да правите најдобро што можете за да ви се насмее иднината.
3. Одтфрлете ја илузијата дека можете да ги менувате другите
Потсвесно, сите ја имаме таа наивна илузија дека можеме да смениме некого. Како резултат на тоа, страдаме затоа што не можеме тоа да го спроведеме во дело.
Само околностите можат да ги променат луѓето – сè друго е само перцепција на измамата.
Дозволете им на другите да бидат различни, да бидат она што се.
Во одреден момент, можеби ќе почнете да уживате во нив.
Продолжува на страна 2
4. На луѓето сме им потребни силни
Никој не ве бара ако сте слаби, уморни, кога патите или кога сте несреќни. Ако луѓето се преправаат дека ве сакаат кога сте слаби, тие само ве лажат.
Не подлегнувајте на таквите лаги. Само согласете се со апсолутноста на ова правило, издишете и обидете се да се расположите …
5. Сите наши постапки имаат последици
Всушност, секогаш ние избираме – не што ќе правиме, туку што ќе произлезе како резултат на нашите постапки. Затоа, секогаш размислете за последиците.
Така ќе има помалку глупави работи кои ви се случуваат во животот.
6. Правете она што е навистина важно за вас
Ако се прашувате што е смислата на животот, најверојатно помалку сте депресивни. Она што е најважно, не е “смислата на животот”, туку чувството дека го живеете својот живот смислено. Правете она што мислите дека е од големо значење за вас.
Не заборавајте да се потсетувате на тоа од време на време. Немојте слепо да го следите успехот, само затоа што мнозинството околу вас го прави тоа.
Ако едноставно го правите она што чувствувате дека е важно, успехот сигурно ќе дојде.
7. Не трошете време и енергија на оние кои не се грижат за вас или за оние кои не ве сакаат
Во овој свет, постојат многу луѓе на кои им се допаѓате и со кои животот е полн со радост.
Само немојте да бидете затворена и личност која се сомнева.
Верувајте ми – отвореноста и добрината ќе ви помогнат да ги добиете сите бенефиции.