Ако имате проблем со хипертензијата, не мора веднаш да прибегнувате кон лекови. Прво пробајте со храна.
Лук
Лукот содржи сулфурни соединенија кои ги релаксираат и ги прошируваат крвните садови, што го ублажува притисокот и му помага на шеќерот поефикасно да помине низ телото. Дополнителни придобивки од лукот во секојдневната исхрана се и тоа што го намалува ЛДЛ или лошиот холестерол, ги намалува мастите во крвта и е одличен борец против вирусите, бактериите и габите во организмот.
Цимет
Циметот содржи голема количина фенол – соединение за кое е докажано дека го стабилизира шеќерот во крвта, поттикнувајќи го инсулинот да работи нормално.
Каранфилче
Како и циметот, каранфилчето е одличен извор на феноли, но и антиоксиданси и со тоа одличен е природен извор на состојки кои го намалуваат крвниот притисок. Освен тоа, каранфилчето го стимулира подоброто функционирање на дигестивниот тракт, ги елиминира потенцијално штетните бактерии од телото и помага во поефикасно процесирање на храната.
Домати
Доматот содржи еден од најсилните антиоксиданси – ликопен, кој помага во заштитата на срцето од срцев удар, стеснување на крвните садови и висок крвен притисок, но и ја подобрува целокупната состојба на организмот. За најдобар ефект, покрај конзумирањето сиров, се препорачува да се пие (несолен) сок од домати.
Исфрлете ја солта од исхраната
Ова значително помага во намалување на високиот крвен притисок. Намалениот внес на сол може да се постигне со намалување на внесот на сувомеснати производи и готова преработена храна, кои инаку се богати со овој зачин. Исто така, ограничете го солењето кога подготвувате дневни оброци и тоа значително ќе придонесе за вашето целокупно здравје.