„Посакувам да го знаев тогаш, тоа што го знам сега“, ова е честа фраза која ја употребуваат голем број на луѓе. Сегашната ретроспектива може да биде моќна, мотивирачка сила која помага да станете поуспешна и поцелосна личност.
Тоа е одлично, но зарем не сакате да го прескокнете тој дел и веднаш да стигнете до посакуваната цел?
Во продолжение ве советуваме да почнете да ги правите овие 30 работи, кои се препорачливи да ги направите пред да наполните 30 години.
Почнете со дополнителна работа
Дури и ако на почетокот не успеете, а статистиките велат дека тоа ќе се случи, вие развивате вештини за следниот проект.
Стремете се кон лидерска улога
Барајте одговорности кои се надвор од вашата комфорна зона. Значително ќе се надоградите и ќе ги импресионирате вашите претпоставени.
Одберете индустрија каде има раст на животниот циклус на производот
„Не којашто избледува. Факс машините во 80-тите беа одличен бизнис. Денеска, не толку многу. Социјалните медиуми денеска се одличен пример.“ – Џејмс Сброла, претприемач во бизнис инкубатор центарот „RIC“
Започнете бизнис кога сте млади и со помалку финансиски средства
„Патувајте кога сте стари и богати.“ – Даг Фивер, претприемач и инвеститот во недвижнини
Продолжува на страна 2
Најдете ја вистинската култура за вас
„Секоја компанија има своја посебна работна култура и потребно е да најдете компанија чии вредности се рефлектираат и резонираат со вашите. Во спротивно, може да биде непријатно, кога треба да компромитирате и да одите против својата волја.“ – Сем Хијат, претседател на книжевната агенција „Rights Factory“
Сфатете го вашиот бизнис сериозни
„Најверојатно и другите луѓе ќе го сфатат сериозно.“ – Даг Фивер
Преговарајте подобро
„Луѓето нема да го почитуваат вашето време, затоа колку побрзо научите како да преговарате со вашите претпоставени, вашите колеги и во приватниот живот, толку посреќни ќе бидете.“ – Сем Хијат
Отворете сметка за автоматска заштеда и инвестиција
Одредена заштеда во рацете на 20-годишна личност е моќно оружје.
Создадете доверба
„Никој нема да ви даде деловен заем ако не можете да ја платите вашата кредитна картичка.“ – Даг Фивер
Не грижете се за краткорочните приходи
„Концентрирајте се на долгата игра.“ – Џејмс Сброла
Продолжува на страна 3
Инвестирајте во вашето тело
Најдете тренер кој ќе ви покаже соодветни техники за вежбање. Некои луѓе поминуваат години во правење на погрешни вежби или се повредуваат себеси.
Читајте како занесеник
Не смеете да се опуштите. Вашето портфолио мора да биде одлично. Знаењето дава дивиденди кои не можат да се изгубат.
Најдете повеќе ментори на различни возраст
„Луѓето 10, 20 и 40 години постари од вас можат да создадат тим од чии искуства можете многу да научите.“ – Џејмс Сброла
Научете да готвите
„Не зборувам за печени лепчиња. Научете неколку основни техники и совршено подготвено јадење. Сигурно ќе се најде корисно во одредени ситуации.“ – Алисон Војковски, професор, добитник на награди
Научете да го движите телото на различни начини
„Сѐ од танцување салса до мечување. Проширете ја референтната рамка во физичкото подрачје.“ – Ентони Колети
Запомнете дека образованието е за цел живот
„Тоа не завршува на одредена возраст или по дипломирањето. Продолжете да учите.“ – Џејмс Сброла
Продолжува на страна 4
Научете странски јазик
„Јас сум секогаш изненадена од тоа колку јазици зборуваат во Европа. Јас зборувам два јазици, но посакувам да знаев зборувам течно повеќе јазици.“ Елисон Војковски
Одбирајте внимателно со кого го поминувате вашето време
Оддалечете се од лажните пријатели и пријателите за излегување. Запрашајте се колку радост добивате од тие излети.
Договарајте состаноци мудро
„Многу ретко некој го наоѓа „вистинскиот“ животен сопатник, без да открие кој е најпогоден преку грешки и многу обиди.“ – Гарт Сем, животен тренер
Додавајте паузи помеѓу интеракциите во вашиот ден
„Едноставно е како вдишување пред да влезете во автомобилот, започнување на состанокот или одговарање на имејл или телефонски повик. Ова ја претвора реакцијата во креација. Креирањето простор помеѓу интеракциите и одговарите дадени на луѓето, овозможува љубов да навлезе.“ Мими Б. Мартиноски, автор
Стекнете искуство и дадете отказ пред да биде премногу доцна
„Големите хипотеки и отплаќањето на автомобил се навистина голем уништувачи на соништата.“ – Даг Фивер
Живејте сами
„Не со цимери. Не со вашите родители. Не со вашата сродна душа. Живејте сами една години и дознајте кои сте вие кога нема никој околу вас.“ – Алисон Војковски
Продолжува на страна 5
Правете повеќе работи кои ве плашат
„Зборувајте со странци, држете јавни говори или посетувајте курс. Учењето како да се чувствувате пријатно во непријатни ситуации ќе ја подобри вашата иднина.“ – Ентони Колети
Ризикувајте сега, не подоцна
„Ништо не мотивира повеќе од немањето друг избор освен победа. Ништо не мотивира помалку од удобноста.“ – Даг Фивер
Волонтирајте од причина која ја сакате
„Не само што ќе стекнете искуство, туку исто така ќе го отворите вашиот ум и срце.“ – Џесика Брионес
Отпатувајте во држава од вашата листа на желби
„По можност во држави во развој, бидејќи овие делови од светот се менуваат најбрзо.“ – Гарт Сем
Практикувајте утринска медитација или практики за концентрација
„Животот секогаш носи предизвици. Затоа, започнувањето со 20-минутен мир секој ден, ќе ви помогне да бидете помудри во останатот дел од денот.“ – Мими Б. Мартиноски
Медитирајте
„Медитацијата повеќе не е само за оние кои практикуваат јога или се духовно просветлени. Голем број светски лидери секојдневно медитираат.“ – Ентони Колети
Продолжува на страна 6
Развијате некој вид на практика за медитирање
„ За јасност, за управување со стресот, зџа подобро разбирање и за подлабочување на врската со сѐ останато.“ – Гарт Сем
Работете попаметно, не понапорно
„Спијте доволно, вежбајте, медитирајте и имајте убав приватен живот, за да можете да бидете попродуктивни на работа. Усовршете го ова мото до 30-тата година и ќе остварите многу повеќе од останувањето доцна за остварување на крајните рокови.“ – Сем Хијат
Можеби забележавте дека слични работи ги поврзуваат овие совети. Секој совет бара дејствување од ваша страна. Започнете нешто ново. Бидете личноста која никогаш не сте биле, пред да почнете да ги правите работите кои никогаш не сте ги направиле.
Секако дека сте изморени кога ќе стигнете дома по 8-10 работи часа. Секако дека кога ќе стигнете дома веднаш се фрлате на креветот. Прекинете го овој циклус и почнете со промени. Одберете нешто од оваа листа и преземете акција.