ЖИВОТ

3 фатални заблуди заради кои паричникот постојано нѝ е празен | Ќе се препознаете!

By kukuriku

April 09, 2019

Поголема плата подразбира и поголеми трошоци.

Бихејвиоралните финансии се релативно нова гранка на економијата, која научно го истражува човечкото социјално и когнитивно однесување, како и емоционалните нерамнотежи кои се појавуваат, со цел подобро да се разбере носење инвестициски одлуки. Научниците ги испитале и најчестите митови поврзани со финансиите, со цел да ја проверат нивната точност, а ова се трите најчести заблуди во кои повеќето од нас веруваат, пренесува Business Insider.

Еве во кои размислувања најчесто грешиме и како тие влијаат на тоа нашиот паричник постојано да нѝ е празен!

Мит 1 – Два приходи се подобри од еден

Често, во семејствата со многу деца поради бројните трошоци еден од партнерите не работи. Иако на прв поглед се чини логично семејството во кое работат двајцата сопружници да имаат повеќе пари, тоа не е секогаш точно. Се разбира, сè зависи од примањата на лицата, но како пример да земеме исти плати на две семејства: во првото двајцата родители работат, а во второто само еден од родителите.

Кога ќе ги платат основните трошоци кои се јавуваат кога и другото лице работи, како што се детска градинка или бебиситерка, трошоци на втор автомобил или трошоци за јавен превоз, даноци, трошоци за службена облека и храна, во многу случаеви доведува да таа дополнителната плата се стопи.

Исто така, кога во семејството се присутни две плати, често сме многу порелаксирани и полесно нѝ е да се одлучиме за купување на работи кои не нѝ се потребни, а полесно се одлучуваме и за кредит. Но, проблемот се јавува кога во таквите семејства една личност ќе ја изгуби работата или ќе ѝ се намали приходот. Чест е случајот, поради кредитите и долговите, таквите семејства многу тешко да се извлечат од финансиската криза.

Продолжува на страна 2  

Мит 2 – Сопственоста е секогаш подобра од закупот

Убаво е да се биде сопственик на имот, но тоа носи многу дополнителни трошоци. На пример, сите сопственици на кредитите во швајцарски франци во повеќето случаи денес не би се согласиле со тезата дека сопственоста е подобра од закуп на стан. Но, ако го разгледаме овој конкретен пример, сопственоста навистина носи поголема удобност, но честопати и големи трошоци за кои и не размислуваме.

Со самиот трошок на кредитот и неговата обработка, исто така, постои и данок на имот, трошокот за одржување на недвижен имот, купување на мебел. Живееме во општество во кое еден поединец учи дека сопственоста е одраз на просперитет и потребата во зрелите години, но во многу западни земји, тоа не е така.

Мит 3 – Треба да заработите повеќе за да заштедите повеќе

Поголема плата, исто така, подразбира и повисоки трошоци. Без разлика колку заработувате, важна е вашата волја. Во повеќето случаи, како што на лицето му растат приходи, така се зголемуваат и трошоците за живеење. Имено, со повисоки приходи, исто така, е достапен и подобар животен стил, кој чини. Ние се одлучуваме да купиме подобар автомобил, да инвестираме повеќе пари во образованието на децата, да инвестираме во нашиот интелектуален развој и физички изглед. За да го ослободиме стресот, заради подолго време што престојуваме на работа, трошиме пари на разни форми на релаксација. Така, често, сумата која останува со повисоката плата не мора да биде повисока отколку кога сме имале помали приходи.

Се разбира, денес генерално е многу тешко да се заштеди, но кога и да се одлучиме на нешто такво, да не се залажуваме дека тоа зависи од нашите приходи, бидејќи најмногу зависи од нашата волја и подготвеност на жртвување и штедење.