25 нови случаи на коронавирус во Македонија, вкупно 354 заразени, една почината 65 годишна пациентка

344

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години.

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина една пациентка од Лабуништа на возраст од 65 години.

Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност.

Што се однесува до пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 354 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Прочитајте и… Над 800 лица починаа изминатото деноноќие во САД, Пелоси со остри критики кон Трамп

Скопје – 183
Куманово – 54
Дебар – 47
Штип – 15
Прилеп – 12
Тетово -13
Струга – 9
Велес – 6
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци – 2
Гостивар – 1
Гевгелија – 2
Струмица- 1
Крива Паланка – 1
Кочани – 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 257 теста, од кои: преку ИЈЗ – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Филип Втори (Жан Митрев) – 2.
Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19.