СЕМЕЈСТВО

20 најчести заблуди за децата

By kukuriku

March 30, 2019

Британскиот новинар Тим Лот, татко на четири деца, составил за Гардиен мал водич за сите оние кои размислуваат да станат родители.

Малку мудрост, малку факти, малку сарказам и очигледно – многу искуство. Отрезнувачко или обесхрабрувачко? Прочитајте, проценете, прокоментирајте:

1. Децата се разумни Децата се луди. Не се обидувајте да ги вразумите.

2. Децата се глупави Децата се многу паметни. Бидејќи, продолжуваат да поставуваат прашања од кои ние возрасните се откажавме.

3. Децата сакаат да им бидете пријател. Тие тоа не го сакаат. Тие сакаат да им бидете родител.

4. Децата обрнуваат внимание на она што го зборувате. Не, тие не го прават тоа. Обрнуваат внимание на она што го правите.

5. Најголемиот страв на децата е стравот дека ќе умрете. Не е. Децата се плашат дека не се достојни за вашата љубов.

6. Новороденчињата се најубавото нешто на светот Новороденчињата се прилично грди. Особено кога се покриени со слузот. И не изгледаат многу подобро ниту кога ќе ги избришат.

7. Раѓањето на детето е прекрасно искуство Породувањето е како средновековната тортура, а за мажите – тоа е чувство на вина.

8. Децата сакаат за нив да потрошите многу пари. Децата сакаат на нив да трошите многу време.

9. Децата реагираат на критика и казна. Не, тие само ве мразат заради тоа.

10. Вашите деца мислат дека сте кул. Не, мислат дека сте глупави. Лесен презир е најдоброто нешто на што можете да се надевате.

Продолжува на страна 2

11. Вие сте одговорни за тоа како вашите деца ќе се формираат. Вие, не сте. Децата се создаваат сами себе многу повеќе отколку што ги формира светот околу нив. Тоа е причината зошто вашите деца меѓу себе се разликуваат.

12. Како што децата растат, постепено ги губите. Не, тие само стануваат поскапи.

13. Децата се раѓаат добри, а потоа полека се расипуваат. Деца, како и нивните родители, се мешавина од доброто и лошото.

14. Девојките се ангелчиња, момчињата ѓаволчиња. Обично тоа е обратно. Набљудувајте ги девојчињата во игра 20 минути. Тоа ниво на психолошка бруталност може да се мери само со шпанската инквизиција. Момчињата само се удираат едни со други. А потоа забораваат на тоа.

15. Вашите деца се особено посебни, талентирани и убави. Статистички гледано, постои мала шанса за тоа. Повеќето од децата се сосема просечни. За среќа, моите се исклучок.

16. Кога ќе наполнат 13 години и ќе влезат во пубертетот, децата се тешки, непристојни, груби и себични. Децата можат да бидат тешки, непристојни, себични и непријатни многу порано пред тоа.

17. Причината што се чувствувате многу гордо е што имате деца. Всушност, речиси секој може да го постигне тоа. Особено е лесно за мажите.

18.Toа што сте ги пораснале и сте ги исхраниле своите деца, сте им дале дом и сте ги потрошиле сите пари на нив, сакајќи ги и штитејќи ги, значи дека тие ви должат нешто. Но, не должат. Или барем така тие мислат. Што е сосема исто.

19. Децата денес поминуваат премногу време пред екраните. Всушност, тоа е одлично. Затоа, вие не мора да играте Монопол со нив и заедно да редите сложувалки.

20. Убаво е да патувате со децата на одмор. Тоа зависи од тоа колку сте во можност да им платите бебиситерка.

Jovana Papan