Да му помогнеме на Шиндре

63816

Здраво на сите,

Пред сè ви пишувам вам бидејќи вие бевте помеѓу првите кои ми дадоа огромна поддршка за ова што јавно, гласно и протестно проговорив за она што се случува во мојата фамилија и навистинави сум неизмерно благодарен за поддршката и храброста која ми ја влевавте и претходно.

Како и да е, здравствената состојба на мајка ми се искомплицира, а нашата финансиска ситуација се влоши со оглед на тоа што и татко ми боледуваше од карцином, а и многу други мои роднини и пријатели на моите.

Навистина нема кому друг да се обратам затоа што мислам дека тропав на секоја врата, а веќе и силите за борба ме напуштаат. Нам ни требаат до сабота околу 15.000 евра, ние собравме голем дел од нив, но остануваат уште 5-6 илјади евра кои моментално ги немаме.

Ова се случи бидејќи ФЗОМ одби да даде согласност за операцијата на мајка ми и ги замрзна средствата иако претходно добивме документ дека ќе биде покриено 80 %. Можеби ќе водиме и прана битка, но за жал во овој момент тоа веќе не ме интересира.

Би сакал сите кои сте во можност да ми дадете позајмица која јас, морално и одговорно тврдам, а и во име намојата фамилија дека ќе ви ја вратиме веднаш штом ќе добиеме пари од кредити, од нашите најблиски кои можат да ни позајмат на подолг рок и веднаш штом почнеме со продажба на нашиот скромен недвижен и движен имот.

Сакам да ви се заблагодарам без оглед дали сте во можност или не сте или дали можете или не, јас сакам да ви кажам фала и на тоа што ме сослушавте и ме гушнавте кога ми е најтешко. Никому од вас кои ве барам секогаш кога сте ми потребни не ви посакувам да се судрите со овие проблеми.

Со почит и љубов кон сите кои останаа луѓе,
Никола Шиндре

Споделете со вашите пријатели … !!!

Tрансакциска сметка
НЛБ Тутунска банка
210 501 677 133 541
Адреса: улица „Методи Патчев“, број 8, Битола

IBAN Code MK07210501677133541
SWIFT TUTNMK22
Никола Ристевски