Експертите предупредуваат дека цветовите на црешите во Јапонија цветаат порано поради потоплата клима или понекогаш воопшто не цветаат бидејќи есента и зимата не се доволно ладни.
Седумнаесет рекорди за топлина се срушени во Јапонија, соопшти метеоролошката служба, откако земјата се соочи со најжешките јуни и јули досега.
Топлотните бранови стануваат сè поинтензивни и почести во светот поради климатските промени предизвикани од човековата активност, велат научниците, а Јапонија не е исклучок.
Градот Komatsu во централната префектура Ishikawa забележана е нова рекордна температура од 40,3°C, соопшти Јапонската метеоролошка агенција JMA.
Toyamа, град исто така во централниот дел од островот, забележал 39,8°C, највисоката температура регистрирана откако започнале мерењата, според JMA.
Рекордни температури помеѓу 35,7°C и 39,8°C биле забележани и на 15 други локации, додаде JMA, која ги мери температурите на повеќе од 900 локации низ целата земја.
На 30 јули, Јапонија се соочи со највисоката регистрирана температура од 41,2°C во западната покраина Hyogo.
Сезоната на дождови завршила околу три недели порано од вообичаеното во западните региони на Јапонија, што е уште еден рекорд.
Поради ниските нивоа на врнежи од дожд и топлина, резервоарот на север е речиси без вода, соопшти министерството на земјата, а земјоделците се загрижени дека недостигот на вода и екстремната топлина би можеле да доведат до слаби жетви.
Експертите предупредуваат дека цветовите на јапонските цреши цветаат порано поради потоплата клима или понекогаш воопшто не цветаат бидејќи есента и зимата не се доволно ладни.
Снегот на врвот на планината Fuji никогаш не се појавил толку доцна како минатата година. Се појави само на почетокот на ноември, додека обично се појавува на почетокот на октомври.
Јапонија ги забележа своите најтопли јуни и јули оваа година откако започнале евиденциите во 1898 година, а JMA предупредува на дополнителна „силна топлина“ во наредните месеци.
Темпото со кое се зголемуваат температурите не е исто низ целиот свет.
Од континентите, Европа доживеа најбрзо затоплување по деценија од 1990 година, веднаш по неа следи Азија, според Националната метеоролошка служба на САД (NOAA).