Регистрирани повеќе од 40 земјотреси | 16 мртви под урнатините, 600 повредени, алармантна состојба во Туман, Драч | Видео

318

Во силниот земјотрес што утринава ја погоди Албанија, потврдена е смртта на најмалку 16 лица, од кои најмалку две се деца, јавуваат локалните медиуми.

Во земјотресот загинале 16 лица, од кои петмина во Туман – градот кој беше најсилно погоден од земјотресот.

Најмалку на 600 лица им била укажана лекарска помош во здравствените установи. Агенцијата, исто така, пренесе дека досега, од под урнатините се спасени најмалку 28 лица во Туман и Драч, но има и извештаи за значителен број на луѓе кои остануваат заробени во урнатините под остатоците од зградите во тие области. Епицентар на потресот е лоциран меѓу Драч и Тирана, на длабочина од 10 километри.

По силниот земјотрес, следуваа уште неколку потреси. Последниот со јачина од M 3.1 / 38.0km – Adriatic Sea (Albania) во 14:11:58 UTC.

До сега се регистрирани повеќе од 40 земјотреси.