15 фамилии го ставија главниот град во карантин | Чаир е најголемо жариште (97)

596

Чаир е најголемото жариште во моментов и има најголем број на новозаразени, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здрвје.

Во Скопје има вкупно 983 заразени, од кои активни случаи се 392 лица.

Листа по општини:

  • Чаир 97
  • Сарај 47
  • Аеродром 47
  • Бутел 47
  • Гази Баба 38
  • Центар 24
  • Карпош 17
  • Кисела Вода 17
  • Студеничани 13
  • Ѓорче Петров 11
  • Илинден 10
  • Шуто Оризари 9
  • Арачиново 8
  • Петровец 5
  • Сопиште 2

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма изјави дека во моментов Чаир е најголемото жариште на Ковид 19.

– Регистрирани се 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од новозаболените во градот. Статиститката покажува дека најголемиот број од новите случаи се заразиле преку одење на гости, ручеци и вечери, односно преку поголеми собири.Многу често ни даваат лажни податоци, многу е важно луѓето да соработуваат и да бидат искрени во одговорите затоа што така побрзо ќе ги најдемем контактите и ќе ги тестираме луѓето, рече Зибери.

По зголемениот број новодијагностицирани случаи со Ковид-19 во земјава и за ефикасно спречување на ширењето на коронавирусот, Владата донесе одлука да се воведе целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје, во сите сите скопски општини и во Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Забраната на движењето почнува вечер, од 21 часот и ќе важи се до понеделник, до 05:00 часот.

Во сите останати градови се забранува движење на сите граѓани од вечер, од 21:00 часот до наредниот ден, до 05:00 часот наутро. В петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16:00 часот и трае до следниот ден до 05:00 часот наутро. Петок е прогласен за неработен ден за сите граѓани. Владата ја донесе оваа одлука на вчерашната 60-та седница, согласно препораките на Комисијата за заразни болести.