14% од жените ја изгубиле невиноста на задното седиште 

1282

63,4% од анкетираните одговориле дека имале однос на задното седиште.

Палавоста на автомобилските седишта воопшто не е “ново” за некој возрасен, а пред неколку дена науката го докажа токму тоа. Кога научниците од Универзитетот на Јужна Дакота запрашаа 195 мажи и 511 жени за нивните автомобилски искуства, одговорите беа повеќе од јасни.

61% од мажите кои учествувале во анкетата изјавиле дека се потпирале на менувачот на замаглени стакла. Помалку, но повторно сериозен процент оди кај дамите – 59,9% од жените со насмевка споделиле позитивен одговор за непослушни игри на задното седиште. Од сите прашани 14% ја изгубиле невиноста во моторно возило.

“Сексот и автомобилите одат рака под рака уште откако е произведен првиот автомобил”, изјави раководителот на истражувањето, психологот д-р Кинди Струкман-Џонсон, во соопштението од Универзитетот.

Уште пољубопитни податоци откриени се од тимот на д-р Џонсон:

  • 56,9% од сексуалните акти во автомобили станаа факт меѓу повремени партнери
  • 63,4% од гениталните настапи во возилата биле на задното седиште
  • 56% од сите се случиле во паркинзи надвор од населените места
  • 4,3% од мажите биле терани насила да имаат секс во возило.

“Податоците, вклучувајќи и лични приказни на учесниците во истражувањето, покажуваат дека што се однесува до потребата од секс, луѓето немаме проблем со непријатноста, веројатноста од тесен простор или ризикот некој да ги открие кога речиси сигурно имаат полов однос”, изјави д-р Кинди Струкман-Џонсон.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.