Сметаме дека знаеме се или скоро се за тоа што јадеме само затоа што внимателно ги читаме етикетите. Сепак, можеме ли тоа со сигурност да го тврдиме?
За вас подготвивме листа на необични факти кои сигурно ќе го променат вашето мислење за традиционалната храна.
ГМО храна, кечап без домати, фактот дека јаедеме инсекти, а за тоа не сме ни свесни и уште повеќе можете да прочитате во текстот што е пред вас.
1. Одгледување ГМО растенија е дозволено во повеќе земји
Во повеќето земји може да се произведуваат генетски модифицирани растенија без никакви ограничувања, бидејќи се уште нема научни докази дека се штетни од природните. Најраспространети ГМО растенија се: соја, пченка, памук, канола и шеќерна репка.
2. Оригиналното балзамико оцет никогаш не е ефтино
Традиционалното балзамико оцет се прави од сок од свежо собрано бело грозје, кое се ферментира со процесот на успорено стареење најмалку три години (најдобрите видови и до сто години). Се разбира, овој сложен процес влијае на цената. Поради тоа, бидете сигурни кога следниот пат ќе купите бамзамико за мали пари, дека тоа е многу далеку од оригиналниот.
Продолжува на страна 2
3. Колачиња на судбината не потекнуваат од Кина
Овие слатки колачи традиционално се сметаат за дел од кинеската кујна. Но ова е мит. Нив тешко да ги најдете во Кина. Во реалноста, тие се измислени во Сан Франциско, од страна на јапонски (не кинески) Американци.
4. Лажни wasabi
Вистинските wasabi можат да се најдат единствено во Јапонија, каде што се одгледува под одредени услови: во течна вода на температура од 10-17°C. Корењата на wasabi-то созреваат за 3, 4 години и половина килограм чини повеќе од 100 долари. Поради тоа, ние кои не живееме во Јапонија честопати користиме имитација на wasabi-то, која е составена од рен, санф, скроб и зелена боја за храна.
Продолжува на страна 3
5. Јадеме инсекти, а за тоа да не знаеме
Пигмент кармин, познат како E120, се користи за додавање на црвената боја во храната. Но, не знаат сите дека карминот се добива од карминска киселина, произведена од некои вошки.
6. Кечапот не мора да содржи домати
И покрај тоа што доматот е ефтин (во споредба со Wasabi-то, на пример), производителите често го заменуваат со поевтини состојки, како што е сосот од јаболка, разни густини, бои и други адитиви. За да препознаете лажен кечап, прво погледнете ја неговата боја – таа треба да биде црвена или темно црвена. Што се однесува до густината, вистинскиот кечап не треба да биде премногу течен.
Продолжува на страна 4
7. Зошто крекерите имаат дупчиња?
Дупчињата на крекерите не се декорен детаљ. Тие обезбедуваат овие грицки рамномерно да се испечат. Во спротивно, не би биле толку тенки и крцкави. Инаку, вистинските крекери направени се во САД, имале дупчиња рачно направени. Вкупно 13, што е број кој одговара на бројот на држави во земјата во тоа време.
8. Маслото од Canola и маслодајната репка е еден те ист производ
Името Canola всушност значи “Canadian Oil, Low Acid” (Canola -канадско масло, слабо кисело). Се разликува од маслото на маслодајната репка во намалената содржина (до 2%) на ерукинската киселина, која не само што негативно влијае на вкусот, туку и е токсична за срцето.
Продолжува на страна 5
9. Бројот на калории прикажани на пакувањата може да биде неточен
Проблемот е во тоа што системот за мерење на калории е застарен. На пример, не зема предвид колку апсорпцијата се разликува зависно од видот на храната и од оној кој ја консумира. Неодамна научниците откриле дека целите бадеми имаат околу 20% помалку калории отколку што првобитно се мислело, а фстаците околу 5% помалку.
10. Некоја храна може засекогаш да исчезне
За жал, поради глобалното затоплување и другите негативни фактори, одредени намирници се на изумирање. Ова вклучува:
• Определени видови јаболка кои имаат потреба од ладни зими. • Авокадото, затоа што неговото производство е непрофитабилно. За да се одгледа половина килограм од овој плод, потребни се речиси 500 литри вода. • Бананите се погодени од епидемија на габични болести и брзо исчезнуваат. • Мед. Во последно време, бројот на колониите на пчелите е значително намален. Причината се грините од Азија (појавени пред 30 години), пестицидите и осиромашената храна за пчели. • Чоколадото. Научниците тврдат дека квалитетот на какаото значително се намалил во изминатите неколку децении, така што бројот на плантажите е намален за половина.
Продолжува на страна 6
11. Овошните гумени бомбони содржат ист восок како автомобилскиот восок
Освен желтин, боја и други состојки, овошните гумени бомбони содржат и карнаубски восок, кој се добива од лисјата на палма. Истиот восок се користи за создавање на автомобилски восок, восока за мебел, па дури и во индустријата за убавина.
12. Пилињата се сè поголеми
Во последните 60 години, пилињата станале значително поголеми, особено нивните гради и нозе. Некои велат дека за овие промени се одговорни хормоните и стероидите. Сепак, земјоделците тврдат дека растењето на пилињата не е предизвикано од забранети супстанции, туку преку подобрување на модерното одгледување, подобри животни услови и редовна ветеринарна контрола.