12 милиони денари патни трошоци во 6 месеци на пратениците додека народот гладува

173

Од март до август 2022 година на пратениците во Собранието им се исплатени 11.745.825 денари за патни трошоци.

Додека народот поминува низ криза која ги загрозува семејствата и животите на луѓето, високата политичарска класа продолжува да ги негува сопствените привилегии!

Пратениците од сите парламентарни партии, освен Левица, ја продолжуваат праксата на привилегирано и криминално однесување во сопствена корист, по цена да им се наштети на граѓаните.

Мнозинството СДС и ДУИ не ги подржа законските решенија на Левица кои предлагаа пратеничките патни трошоци да се изедначат со вредноста на автобуските карти, како и за реформа на структурата и намалување на цените на патарините. Мнозинството СДС и ДУИ не даде поддршка и за низа законски решенија на Левица кои беа во полза на обичниот народ.

Пред најтешката зима во поновата историја, Димитар Ковачевски, низ државата ги заплашува граѓаните со измислени приказни за да ја сокрие суштината на својата власт – ненаситно крадење на вртоглави суми на пари за него и неговите соработници, по секоја основа, директно на штета на граѓаните кои се доведени на работ на достоинството.

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов и во овој период како и претходно немаат наплатено за патните трошоци по оваа основа.

Амар Мециновиќ
Политичка партија Левица
Бул. „Кочо Рацин“ бр. 32/2 кат-1